Home Рецепти Прав домашен џем од рерна печен во плех, без мешање, без валкање...

Прав домашен џем од рерна печен во плех, без мешање, без валкање низ кујна

Фото и рецепт: Емилија Бечиќ

Рецептот е за помала количина на сливи, околу 4-5 кг на кои се става еден килограм шеќер или по вкус. Се чистат сливите од семки, се редат во плехот од рерна и се наросуваат со шеќерот.

Еднаш до двапати се промешува џемот, некаде на половина печење, а вкуспно се пече 2-3 часа. Ако ги сомелите сливите ќе добиете мармалад.

Потребни состојки:

5 кг сливи
1 кг шеќер
по желба: 20-30 мл вински оцет, ванилин шеќер, чоколадо, рум…

Постапка:

Сливите убаво измијте ги и исцедете ги. Преполовете ги и извадете им семките. Наросете ги со шеќер и оставете ги да отстојат 12 часови.

Во зависност од вашиот вкус, на 5 кг сливи се става приближно 1 кг шеќер, но тоа сепак, зависи и од самите сливи, па затоа вкусете дали ви се допаѓа блажината.

Во длабокиот плех наредете ги сливите, наросете ги со шеќерот, па повторно сливи, па шеќер…за да пуштат сливите сок.

<

Плехот ставете го на дното од рерната, не на решетка и вклучете на 180 степени, па потоа намалете на 150 или 160 степени, за да се печат сливите на тивок оган.

Печете 2 до 3 часа во зависнот од количината на сливите, длабочината на тепсијата и температурата. Повремено протресете го плехот. Готов е џемот кога позади лажицата остава трага.

Врелиот џем собирајте го во тегли и веднаш добро затворајте ги, па пастеризирајте ги на 100 степени 100 минути.

Вака приготвениот џем може да стои со години. Не излегува многу, но сепак тоа е само плех, а не казан и не може да се прави од голема количина сливи. Предност е за оние кои живеат во стан, а нема многу тешка работа, мешање…

*За да добие црвена боја, во средина од печењето ставете половина шолја за кафе вински оцет и промешајте. Со текот на печењето мирисот на оцетот испарува, а џемот добива убава црвена боја. За да го збогатите вкусот може да додадете и половина чоколадо искршено на коцки, рум или ванила…

Фото и рецепт: Емилија Бечиќ