Само една мала лажичка е доволна за да се обноват ‘рскавицата и коскеното ткиво

Најдоброто природно средство за воспление и болки во зглобовите е ѓумбирот. Заедно со маслиновото масло може да се приготви моќен природен лек кој може да се консумира орално и да се мачка надворешно.

На тој начин се постигнуваат најбрзи и најефикасни резултати. Маслото од ѓумбир помага да се обнови зглобната ‘рскавица и спречува нејзино понатамошно оштетување, ги ублажува воспаленијата и болките кај остеопороза, артритис, реума, гихт и други состојби.

Ја подобрува циркулацијата, загрева и поттикнува релаксација на мускулите, нервите и тетивите.

Потребни состојки:

5-6 см свеж корен од ѓумбир
300 мл маслиново масло

Постапка:

Излупете го и ситно изрендајте го свежиот ѓумбир (за овој рецепт не се користи во прав, туку исклучиво свеж). Ставете го во стаклена тегла и прелијте го со маслиново масло. Затворете и добро протресете.

Оставете да отстои 8-10 дена со секојдневно протресување, а потоа процедете го маслото преку газа и добро истискајте го. Складирајте го маслото во стаклено шишенце и чувајте на ладно и темно место.

За најдобри резултати се консумира трипати дневно по една чајна лажичка пред оброк. Надворешно мачкајте го болното место 2-3 пати дневно.

Само една лажичка масло од ѓумбир има поголем ефект од една таблета ибупрофен, против различни болки…

Едно ново истражување, кое е објавено во списанието “Arthritis”, открива дека ѓумбирот делува на намалување на болките подеднакво како и лековите против болки, како на пример ибупрофенот.

Иако ибупрофенот е еден од најпопуларните лекови против болки, сепак ова истражување покажува дека тој не влијае врз намалувањето на нивото на цитокините во телото. Цитокините можат да бидат негативни и позитивни, а негативнитие се вид на супстанција која ги шири воспалителните процеси во телото.

Истражувањата покажале дека негативните цитокини се поврзани со влошување на симптомите на артритис и остеоартритис. За ѓумбирот научно е докажано дека има антиинфламаторно (противвоспалително) дејство и значително го намалува нивото на цитокините во телото.

Dr. Krishna C. Srivastava, која била водач на тимот кој го правел истражувањето, вели: „Ѓумбирот е добро познат по своите одлични лековити својства, а ова истражување уште еднаш го потврди тоа“. Повеќе за рецептот можете да слушнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаСовршен сочен колач со чоколаден прелив кој потсетува на старинскиот кох, едноставна подготовка
Следна статијаПрав домашен џем од рерна печен во плех, без мешање, без валкање низ кујна