Сочните шербетни колачи се многу вкусни и сите ги сакаат поради леснотијата со која се подготвуваат. Обично сите рецепти за шербетни колачи се многу слични, со мали измени. „Првиот рецепт е од книгата на Иванка Карачиќ „Домашна кујна“ и го објавувам затоа што е многу вкусен“, вели Амра. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 4 жолчки, 1 чаша шеќер во прав, 1 чаша стопен путер или маргарин, 1 чаша гриз, 1/4 шолја брашно, кора од 1 лимон, 1 чаша слатка павлака, 4 белки изматени во цврст снег. ЗА ШЕРБЕТОТ: 250 г шеќер, 300 мл вода, 1 кесичка ванилин шеќер, сок од 1 мал лимон. Иако не пишува во оригиналниот рецепт, додадов и 1 кесичка прашок за печиво за да биде помек колачот.

РЕЦЕПТ 1




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, 4 шолјички (за кафе) масло, 6 шолјички млеко, 3 шолјички гриз, 5 шолјички брашно, 1 прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје. ЗА ШЕРБЕТ: 900-1000 г шеќер, 1000 мл вода, лимон (сок од лимон или сечени тркалца). И УШТЕ: 100 г ореви за наросување одозгора.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Изматете ги жолчките и шеќерот во прав додека да станат пенасти. Потоа додајте го растопениот путер, па ренданата кора од лимон, гриз, брашно, прашок за печиво и  една чаша слатка павлака . Бавно измешајте сè, а на крајот додајте го снегот од белките.




Масата се става во намрсен и набрашнет плех и се пече на умерена температура од 180 степени додека убаво да се испече. Проверете дали колачот е печен со помош на чепкалка. Топлиот, малку подизладен колач рамномерно прелијте го со врелиот сируп и оставете го во плехот да се излади до собна температура. Потоа оладете го во фрижидер, па сечете го и послужете.




ЗА ШЕРБЕТОТ: Зовријте вода со ванилин и кристален шеќер, изладете го и шербетот и колачот и дури потоа прелијте со него. По желба, додека го подготвувате шербетот може да ставите неколку тркалца лимон, да дадат убав вкус. Оставете да впие некое време, па потоа послужете со сечење на коцки. По желба, декорирајте со мелени ореви.




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Јајцата добро изматете ги со миксер додека да побелат и згуснат, додајте го шеќерот и матете додека да се растопи, па додајте масло, млеко и сите останати состојки. Добро соединетата смеса излејте ја во намастен плех 30х40 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу половина час.

РЕЦЕПТ 2




Шербетот се вари околу 15-30 минути на тивко-умерен оган, а пред крајот му се додава сок од лимон или лимон исечен на тркалца. Ладниот колач прелијте го со млак шербет, никако врел, одозгора богато наросете го со ореви и оставете добро да излади 24 часа, па дури тогаш послужете го.




Најдобро е да се чува во фрижидер, кога колачот е добро изладен има супер вкус. Можеби на почетокот ќе ви изгледа дека има премногу шербет, но колачот сè впива и треба да биде доста сочен. Се мери со шолја за кафе. / Coolinarika.com