Позната биохемичарка од Германија, открила комбинација од природни состојки која успешно лекува рак

Д-р Будвиг, позната биохемичарка од Германија, открила дека комбинацијата од ладно цедено ленено масло и свежо сирење- успешно лекува рак и други болести предизвикани од масна дегенерација.

Значи, не станува збор за една состојка поединечно, туку клучна е комбинацијата…

Суштината на делувањето на овој лек е да се воспостави повторно нормалниот, аеробен процес кај канцерогените клетки (но и кај сите останати клетки), односно, согорувањето на шеќерите да се одвива во присуство на кислород.

Клетките на ракот можат да останат недиференцирани (неспецијализирани за некоја функција во ткивото) и нивната клеточна делба да се одвива неограничено, само ако останат анаеробни (согорување на шеќерите без присуство на кислород).

Оваа исхрана фундаментално го менува начинот на дишење на канцерогените клетки.

На тој начин се присилуваат недиференцираните клетки на ракот да се диференцираат, што резултира со нивно програмирано гасење- апоптоза. Ова е наједноставното објаснување за принципот на фунционирање на оваа диета, иако можеби на лаикот му звучи нејасно. Делувањето е длабинско и темелно.

За да може лененото масло поефикасно да се транспортира преку крвотокот до клетките, д-р Будвиг препорачува негово мешање со посно свежо сирење. Зошто посно кравјо сирење? Затоа што ги содржи аминокиселините метионин и цистеин кои во својот состав имаат сулфихидрилна група (SH-атом на сулфур и водород) која лесно се поврзува со масните киселини. Така поврзаната аминокиселина и масна киселина формираат т.н. липопротеин кој е лесно растворлив во вода, а со самото тоа е растворлив и во крвта.

Протоколот на д-р Будвиг пропишува и консумација на свежо смелено ленено семе. Тоа е затоа што некои супстанции од лененото семе кои не се присутни во лененото масло, а нивната присутност е многу важна (првенствено лиганите, но и некои витамини и минерали).

3-6 супени лажици смелете ги во мелница за кафе или во блендер, околу 5-10 секунди, додадете ги во мешавината од сирење и масло, или направете нова мешавина без масло. Лененото семе откако ќе го сомелете не смее да биде изложено на воздух подолго од 15 минути, бидејќи во спротивно ќе окидира.

Не купувајте претходно смелено ленено семе.

РЕЦЕПТ:

Од 2 до 6 лажици ленено масло

½ чаша свежо сирење

Од 3 до 6 лажици мелено ленено семе

Дневната количина за сериозно заболените е 6 големи лажици (40-50 г) ленено масло добро промешано со 100 г (половина чаша) свежо немасно кравјо сирење. Оваа дневна количина можете да ја изедете одеднаш или можете да ја распоредите во повеќе наврати, но тогаш мора секој пат свежо да ја направите, бидејќи мешавината со стоење ги губи својствата.

Интересно, оваа мешавина ја поднесуваат и лица кои обично се нетолерантни на лактоза. Наместо посно сирење можете да користите јогурт или кефир, но тогаш неговата количина мора да ја зголемите за трипати. Можете да користите и тофу (сирење од соја) но неговата количина е непозната.

Мешањето на сирењето и маслото е најдобро да се прави на електричен миксер. Миксајте 1-2 минути бидејќи мора да биде убаво промешано. Секогаш најпрво мешајте ги сирењето и маслото. Потоа, врз оваа мешавина додадете го свежо смеленото ленено масло, а по желба можете да додадете и мелени ореви, лешници или бадеми, свежо овошје и зеленчук, бобинки, или свежи сокови од овошје и зеленчук.

За подобрување на вкусот можете да додадете и една чајна лажичка мед или масло од тиква. На овој начин ќе добиете вистински хранлив оброк. Мешавината мора да ја изедете веднаш после приготвувањето. Да не се чува во фрижидер!

По само две-три седмици се чувствуваат првите резултати. Доколку карциномот не е агресивен, ова природно средство би било одличен почеток на лекувањето.

За комплетно повлекување на болеста се потребни 1-5 години. Меѓутоа, овие навики во исхраната треба да се практикуваат доживотно, со евентуално постепено намалување на лененото масло. Добро е познато, дека карциномот може да се повтори ненадејно, на било која возраст.

Лененото масло мора да биде свежо! Доколку е расипано, оксидирано- мора да го фрлите. За да не ви се расипе после отворањето, најдобро е да го чувате затворено во фрижидер, и да го потрошите најдоцна за две-три седмици. Многу е важно да пронајдете ленено масло од квалитетен и доверлив произведувач, бидејќи тоа е едно од најчувствителните масла.

Loading...