Во продолжение можете да прочитате два рецепти, од кои првиот се приготвува со сирење и прашок за печиво, а вториот рецепт содржи пуер и маст, а се замесува со сув квасец. Двата рецепти се брзи и едноставни, а добивате превкусни мали залаци.

РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: 500 г маргарин/путер, 500 г кравјо сирење, 700 г брашно, ½ лажичка прашок за печиво, сол, 1 јајце, сусам, рендан кашкавал и ким.

Постапка: Во поголем сад измешајте го брашното со прашокот за печиво, малку посолете, па додадете го путерот исечкан на листови и омекнат на собна температура. Додадете го и издробеното сирење па замесете со рака додека да добиете компактна смеса. Ако ви се чини малку лепливо и меко, тогаш додадете уште малку брашно, зошто ова може да зависи од видот на сирењето.

Тестото поделете го на две топки, а секоја развлчете ја во кора со дебелина од околу половина центиметар. Ако правите стапчиња, топката од тесто треба да ја развлечете во правоаголник, да ја премачкате со разматено јајце, да ја наросите рамномерно со сусам или ким или рендан кашкавал, па со ваљак за сечење тесто да исечете тенки ленти со ширина од 1 см.

Од кората можете да вадите форми со модли по ваша желба. Овие форми се премачкуваат и наросуваат пред печењето, бидејќи остатокот од тестото повторно се премесува и се развлекува во кора, од која се вадат форми додека да се потроши тестото.

Формите се редат на мало растојание во плех обложен со хартија за печење, па се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.

РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 250 г путер/маргарин, 250 г маст, 1 супена лажица сол, 200 мл млеко, 1 сув квасец, 1 кг брашно и 2 лажици шеќер. За наросување и премачкување: 1 јајце и сусам.

Постапка: Маргаринот, маста, шеќерот и солта замесете ги. Млекото подгрејте го да биде млако и истурете го во брашното каде сме го додале квасецот. Овој квасец е многу побрз и полесен и нема потреба да се чека неговата активација и плус- помалку се чувствува во тестото.

Тестото добро се замесува, па кога ќе се соедини, се вади уште малку се меси на работна површина додека да стане мазно. Поентата на овие солени погачиња е тоа што тестото не треба да се остава да расте, туку веднаш се развива штом ќе се замесе.

Се сука кора со дебелина еден прст, па се вадат мали погачиња со најмалата чашка од ракија што ја имате. Се редат во плех обложен со хартија, ги оставаме малку да одморат околу 30-40 минути, па потоа ги мачкаме со јајце и одозгора наросуваме сусам. Се печат 20 минути на 180 степени, додека да заруменат.