Повкусна торта одамна немам пробано: ТОРТА ПЛАЗМА – чоколадна, а освежителна благодарение на една состојка. Ова е торта која ги воодушеви сите дегустатори…и оние кои сакаат чоколадо и оние кои сакаат освежителни, полесни десерти.

Неверојатно избалансирана и вкусна торта со само неколку состојки и 10 минути подготовка ги засени сите колачи што сум ги направила досега. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г плазма, 3-4 лажици шеќер во прав, 1 кгкисела павлака со 20% млечни масти и 15 крем бананчиња.

ПОСТАПКА: Изронете ја плазмата со раце што е можно поситно, додајте шеќер во прав, измешајте, додајте кисела павлака и сечканите крем банани. Добро измешајте, па префрлете ја смесата во калапот, притиснете и измазнете.

Загрејте 150 мл слатка павлака речиси пред зовривање, но не смее да зоврие, тргнете од шпорет, додајте 200 г црно чоколадо искршено на коцки, почекајте неколку минути, па измешајте и прелијте го колачот. Оставете преку ноќ да се излади во фрижидер.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Торта со крем бананчиња, без готвење и печење, готова е за само 15 минути!“ – ОВДЕ.

Торта со крем бананчиња, без готвење и печење, готова е за само 15 минути!