Торта со крем бананчиња, без готвење и печење, готова е за само 15 минути! Ако сакате брз десерт за да се засладите или ви дошле мили гости, а немате со што да ги послужите, ова е одлична идеја за многу вкусна торта. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување бисквити „petit beurre“, 25 чоколадни бананчиња, 200 мл кисела павлака, 200 мл слатка павлака, 200 г шеќер во прав, и шлаг за декорација

ПОСТАПКА: Во поголем сад со миксер се матат киселата и слатката павлака и шеќерот во прав. Во смесата додајте ги бисквитите искршени на крупни парчиња, потоа исечканите бананчиња на помали парчиња и измешајте со рака.

Истурете ја смесата во соодветен калап. Украсете ја тортата со шлаг. По потреба може да се послужи веднаш, иако подобро е да се излади во фрижидер пред послужување. Имаме уште еден рецепт за брза торта со крем бананчиња, а еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г шлаг крем од ванила, 400 мл млеко, 8 лажици шеќер, 400 г искшени биксвити, 400 мл кисела павлака, 15 – 20 крем бананчиња, 200-300 г шлаг за украсување

ПОСТАПКА: Шлаг кремот изматете го со млекото, па во него додадете 8 лажици шеќер или по вкус. Додајте ја киселата павлака, искршените бисквити и сечканите крем бананчиња, па сето тоа измешајте со лажица.

Обликувајте ја со раце врз десертна чинија или во соодветен калап. Ставете во фрижидер, па кога малку ќе се стегне украсете ја со шлаг. По желба можете да додадете смрзнато овошје или сечкани банани, рендано чоколадо..по вкус.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Плазма торта со крем бананчиња готова за 15 минути“ – ОВДЕ.

Плазма торта со крем бананчиња готова за 15 минути