Верувале или не, во последниве години, сокот од цвекло стана омилен природен лек за зајакнување на имунитетот низ целиот свет. Неодамна, Здружението на кардиолози во САД објави обемна студија за позитивните ефекти на цвеклото врз кардиоваскуларниот систем и врз здравјето на целиот организам.

Фактот дека ова кореново растение е исклучително здраво и многу богато со калциум, железо и витамин А, го прави најдобриот природен лек за подобро здравје. Без разлика дали сте анемични, имате низок кр-вен притисок или едноставно нема сезона на грип и настинка без да се разболите, цвеклото е едноставно и природно решение за вашите проблеми.

Ако сакате да го подобрите вашето здравје на природен начин, сокот од цвекло е единственото нешто што ќе ви биде потребно оваа сезона. Освен што е многу здраво, ова коренско растение има пријатен вкус и можете да го користите на многу начини во вашата исхрана.

Без разлика дали ќе одлучите да направите салата, сок или смути од цвекло, бидете сигурни дека во секоја форма, цвеклото придонесува многу за вашето здравје. Факт е дека една чаша сок од цвекло го задоволува дневниот внес на сите витамини и минерали кои се неопходни за подобро функционирање на имунолошкиот систем.

Покрај тоа, се користи за детоксикација на телото, подобрување на кр-вната слика, ослободување од хроничниот замор и стрес, а неодамнешните истражувања покажаа дека ова растение е одлично во спречување на развој на малигните клетки.

За време на сезонскиот вирус, најдобриот начин да се зајакне исцрпениот организам е да се консумира сок од цвекло секој ден. За само неколку дена од консумирањето на овој чудесен имунитетен напиток, ќе се чувствувате многу посилно, ќе спиете подобро и што е најважно, ќе бидете целосно заштитени од сите вируси и бактерии.

Цвекло за имунитет

Научно е докажано дека цвеклото е природен извор на железо и фолна киселина. Покрај тоа, содржи нитрати, бетаин, магнезиум и други антиоксиданти. Изобилува со витамин А, но содржи и помали дози на витамини Е и Ц.

Истражување спроведено од 2011 година докажа дека ова растение, благодарение на нитратите, го намалува кр-вниот притисок и ја подобрува работата на срцето.

Благодарение на фолната киселина, го подобрува протокот на к-рв и придонесува за подобра работа на нервниот систем. Го лечи хроничниот замор, стрес и може да влијае на други психолошки заболувања како што се анксиозност, депресија и деменција.

Благодарение на големата количина на железо, сокот од ова растение се препорачува и за професионални спортисти заради подобрување на кр-вната слика и зајакнување на силата.

Ја подобрува функцијата на црниот дроб

Функцијата на црниот дроб е да го прочисти телото од токсини и на тој начин да обезбеди нормално функционирање на организмот. За жал, функцијата на оваа жлезда може многу лесно да се оштети (поради консумирање на ал-ко-хол) и може да доведе до големи компликации.

Цвеклото е одличен антиоксиданс што ја зајакнува функцијата на црниот дроб и ја стимулира неговата работа да ги излачува токсините од организмот.

Цвекло за подобрување на кр-вната слика

Анемична состојба се однесува на недостаток на црвени кр-вни клетки во кр-вта. Намалениот број на црвени кр-вни клетки доведува до бројни симптоми, од кои најчести се: брз замор, низок кр-вен притисок, бледило и вртоглавица.

За подобрување на кр-вната слика, потребно е да се јаде храна богата со железо. Оние кои страдаат од анемија им се препорачува да консумираат црвено месо, ореви, мешунки, темно чоколадо и цвекло.

Факт е дека разновидна храна обезбедува голем внес на есенцијални минерали кои придонесуваат за подобра кр-вна слика. Сепак, не сите јадења имаат голема количина железо што би ја подобрило кр-вната слика. Ова е најголемата предност на цвеклото, бидејќи е на прво место како растение кое содржи најголем процент на железо.

За само една недела од дневната потрошувачка на оваа билка, можете драстично да ја подобрите кр-вната слика, а наведените симптоми, како што се хроничен замор или низок кр-вен притисок, ќе исчезнат за краток период. За подобра крвна слика, ви предлагаме да пиете смути од цвекло секој ден и да јадете рендана салата од цвекло како прилог со оброците.

Го намалува воспалението

Воспалителни процеси се честа појава на вирусни инфекции кои се шират во телото. Црвенило, оток и болка се индикатори дека воспалителниот процес се одвива во внатрешноста на телото.

Најефикасното природно решение за овој имунолошки проблем е цвеклото. Цвеклото содржи бетаин, кој има антиинфламаторни својства и ги намалува воспалителните процеси во организмот. По само неколку дена консумирање на цвекло, можете да ги излекувате воспалителни процеси без дополнителни лекови.

Има антиканцерогено дејство

Најновите студии од 2016 година покажуваат дека цвеклото ги уништува туморските клетки во организмот. Бидејќи цвеклото ја подобрува циркулацијата на кр-вта, со тоа носи поголема количина кислород до сите органи. Кислородот во клетката спречува појава на рак и со тоа го штити секој орган.

Детоксикација на телото

Како што веќе споменавме, цвеклото за имунитет ја забрзува елиминацијата на штетните токсични материи што се задржуваат во нашето тело. Доволно е да пиете 200 мл сок од цвекло на ден за да обезбедите детоксикација на целиот организам.

Спречува деменција

Деменцијата е недоволно проучена болест и состојба на умот до ден денес. Причините за оваа состојба можат да бидат многубројни. Од генетски фактори, возраст, разни хронични заболувања до недоволно снабдување со к-рв во нервниот систем.

Бидејќи цвеклото е богато со железо, фолна киселина и нитрати, кои се неопходни за подобро доставување кислород до нервниот систем, тогаш не е изненадувачки што една од придобивките за здравјето и виталноста е намалувањето на ризикот од деменција. Дневната потрошувачка на цвекло придонесува за подобра концентрација, меморија и го намалува ризикот од деменција.

Го намалува кр-вниот притисок

Научно е докажано дека ако пиете чаша сок од цвекло секој ден, можете да го намалите кр-вниот притисок и да имате поголема издржливост. Можеби не сте знаеле дека тајната на издржливоста на професионалните спортисти е токму пијалакот направен од ова растение.

Лечи артритис

Болеста на зглобовите погодува повеќе од една третина од светската популација. За жал, откажувањето на зглобовите е голем проблем во секојдневното функционирање. Затоа, на пациентите со артритис им се препорачува да го зголемуваат дневниот внес на цвекло, поради големите лековити својства.

Имено, високата алкална содржина на овој пијалак го забавува оштетувањето на ткивата околу зглобовите и со тоа ги ублажува овие проблеми.

Го штити организмот од слободни радикали

Слободните радикали се токсини и бактерии кои ги внесуваме во нашето тело преку воздух, храна и вода. Затоа имунолошкиот систем е важен како главна одбрана од слободните радикали во телото.

Веќе е познато дека цвеклото содржи бетаин, што му дава светло-црвената боја на овој зеленчук. Покрај бојата, бетилините имаат антиоксидантни својства кои го штитат имунитетот.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Можеби најважната функција на ова растение е тоа што го штити имунолошкиот систем во текот на целата година. Сокот од овој зеленчук е одличен пијалак за зајакнување на истиот бидејќи содржи доволна количина на хранливи својства кои ќе обезбедат здравје на целиот организам.

Можеби најголемата употреба на ова растение досега е забележана во деновите на настинка и грип, кога се препорачува поголем дневен внес на здрава храна, што ќе овозможи ублажување на воспалителните процеси, слободните радикали и анемијата.

Цвекло и мед за имунитет

Повеќето експерти се согласуваат со фактот дека треба да го заштитиме имунитетот на природен начин. Редовната физизичката активност, доволно спиење и консумирање здрава храна се клучни елементи во зајакнувањето на организмот.

Домашно подготвен свеж сок од цвекло и мед

Потребни состојки: свежо цвекло, 100 мл свежа вода, две лажици мед.

Постапка: Цвеклото добро измијте го и исчистете го. Исечете го на коцки и изблендирајте го во блендер. Добиениот сок од цвекло разредете го со вода и додајте мед. Добро промешајте ја добиената смеса и испијте.

Се препорачува да користите свежо цвекло бидејќи ова растение ја губи својата хранлива вредност со термичка обработка. Овој моќен антиоксиданс ќе ви обезбеди доволно енергија во текот на денот, а во исто време ќе се заштитите од сезонски настинки. Сокот има пријатен и сладок вкус. Можете да додадете лимон или портокал по желба.

Смути од цвекло

За разлика од сокот, смутито е мешавина од свежо овошје и зеленчук на кои им се додаваат разни состојки. Друга предност на смутито е што се искористуваат сите хранливи делови од хранатаа која е богата со растителни влакна и бројни витамини.

За рецепт за смути од цвекло за зајакнување на имунитетот, доволно е да ја разбудите вашата фантазија и да додадете што повеќе хранливи овошја, зеленчук и семиња. Во смутито додајте го омиленото овошје и тоа што веќе го имате во домот. Интересна комбинација за смути од цвекло:

Потребни состојки: свежо цвекло, 1 морков, 1 јаболко, 1 кива, мал корен од ѓумбир, 2 лажици ленено семе, 1 лажица чиа семе, 100 г бадеми, 150 г црвено овошје по желба.

Постапка: Ставете ја свежо наведената храна во блендер и полека блендирајте ги состојките. Ова смути има исклучително пријатен и освежителен вкус и изобилува со витамини и минерали кои ќе го елиминираат заморот, ќе го намалат стресот, ќе го исчистат организмот од токсини и истовремено ќе ви дадат доволно енергија за цел ден.

Коктел од цвекло

Потребни состојки: 500 г цвекло, 500 г моркови, 500 г лимони, 250 г мед, 800 мл вода.

Постапка: Излупете и изрендајте го цвеклото и морковот во сад, додајте го сокот од лимон и водата. Поклопете го садот и оставете го на ладно место да отстои 24 часа.

Следниот ден процедете преку газа и додајте ја смесата со преостанатиот сок од лимон, а на крајот додајте го медот. Потребно е долго време да се измеша смесата додека да се соединат сите состојки.

Вака подготвен коктелот, се става во шише и се чува во фрижидер. Пијте еднаш на ден до половина чаша од овој сок, половина час пред оброк. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска