Посни кифлички меки како душа со прелив од мајонез и поради тоа се посебни. Дополнително добиваат убава мекост од растопениот маргарин кој не ги прави масни, туку само им дава сјајност и свежина. / Фото и рецепт: Кате Ристевска

Потребни состојки: 1 кг брашно тип 400, 500 мл вода, 1 коцка (50 г) свеж квасец, 2 лажици полни шеќер, 1 лажица сол, 100 мл масло. За премачкување: посен мајонез и сусам за наросување одозгора. За преливање на кифлите откако ќе се испечат: 250 г маргарин

Постапка: Најпрво активирајте го квасецот: растворете го во малку млака вода со лажичка шеќер и малку брашно и оставете го 10-тина минути додека да запени. Во подлабок сад додајте нешто повеќе од брашното (оставете една третина или четвртина за домесување).

Додајте сол, масло, активираниот квасец и со млаката водата замесете тесто. Потоа додавајте го остатокот од брашно по потреба и месете со рака неколку минути додека да добие еластичност. Тестото треба да биде мазно, меко и да не се лепи.

Поделете го на 32 еднакви топчиња, покријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да одморат 10-тина минути. Потоа со помош на оклагија развлекувајте долгнавести елипси од кои ќе свиткате кифли. На едниот крај можете да ги засекувате со неколку ленти за да добиете изглед на гасеница.

Редете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Кифлите оставете ги да отстојат 2 часа. Нараснатите кифли премачкајте ги со мајонез и одозгора наросете ги со сусам. Рерната загрејте ја на 220 степени и ставете ги да се печат додека убаво да заруменат. Внимавајте да не се препечат.

250 г маргарин исечете го на помали коцки, па загрејте го во тенџерче додека да се растопи. Печените и топли кифли прелијте ги со топлиот маргарин, на секоја кифла ставете по лажица-две и оставете да изладат. Фотографија и рецепт на Кате Ристевска

Посни пекарски кифли, без јајца, без млеко, а сепак најдобри, меки како душа!

Проверено добри кифли, нема да погрешите ако ги направите. Се замесуваат со нешто повеќе од еден килограм брашно, со газирана вода и масло. Како за првпат направете ја оваа доза, а следниот пат сигурно ќе сакате да ги направите во двојна доза.

Потребни состојки: 1200 г брашно, 600 мл газирана вода, 100 мл млака вода, 200 мл масло, 1 ½ лажица сув квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 3 лажици масло, крупна сол за наросување одозгора, 100 г посен маргарин за премачкување на коричките.

Постапка: во 100 мл млака вода измешајте го квасецот со лажица шеќер и лажица брашно, па смесата без грутчиња оставете ја на топло место, 10-тина минути, додека да запени и да се активира.

Брашното измешајте го со сол, па додајте го активираниот квасец, газираната вода која малку сте ја загреале да биде млака и маслото, па замесете мазно тесто. Премачкајте го со малку масло и оставете го да кисне додека да го удвои волуменот.

Потоа кинете топчиња со величина на праска, расукувајте ги во четвороаголна кора, засечете со нож како на сликата, и премачкајте малку со маргарин, па потоа свиткајте ја кората во кифла.

Вака приготвените кифли редете ги во намастен плех, премачкајте ги одозгора со масло и наросете ги со крупна сол, па оставете ги да киснат за да го удвојат волуменот.

Потоа печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Готовите кифли веднаш премачкајте ги со малку масло за да добијат убав сјај и воздржете се малку да подизладат, па послужете ги. Вкусни се кога се топли и кога се ладни.

Од истото тесто можете да правите и пекарски леб, мали топчиња-лепчиња, само премачкајте го со масло, наросете ги со сол, оставете да киснат, па печете ги додека да заруменат… / coolinarika.com

Со овој мал трик и посните кифлички без јајца и млеко ќе станат меки како душа, најубави и највкусни на свет / Рецепт на Валентина Машковиќ

Потребни состојки: 500 г брашно, 1,5 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 25 г квасец, 50 мл масло и 200 мл вода

Постапка: во мало вдлабнување во брашното ставете квасец, шеќер сол, масло и со вода на собна температура замесете мазно тесто, средно меко, кое не се лепи.

Потребни состојки
тестото формирајте го во валјак
можете да го сечете на помали или поголеми делови, во зависност од тоа какви кифли сакате да правите (помали или поголеми)

Потоа намастете ја работната површина и намастете го тестото во облик на ваљак. Од него откинете 5 топчиња, а остатокот повторно развлечете го во облик на ваљак, па и него поделете го на пет помали топчиња (Тестото веднаш можете да го поделите на 6 или 7 топчиња, без вториот дел каде е прикажан пример за начини на виткање на кифли).

сплескајте ги малку со рака
премачкајте ги со омекнат маргарин
редете ги едни врз други

Оставете ги да отстојат 15 минути, а потоа сплескајте ги малку со рака и премачкајте ги со маргарин. Редете ги една преку друга. Последната кора не се премачкува со маргарин, туку само со масло. Оставете да отстои 10-тина минути. За тоа време може да ги приготвите обичните кифли од помалите топчиња.

за големи кифли: секое топче развлечете го во долга елипсовидна кора
витакјте ги во вид на пекарска кифла

Секое топче со оклагија развлечете го во долга овална и тенка кора, па свиткајте ја во обична пекарска кифла. Можете да ги наросите со шеќер за да добиете слатки кифли. Можете да ги засекувате на крајот, во средина или по ваш избор.

редете ги во плех обложен со хартија за печење

Отстојатата кора се развлекува со оклагија, се наросува со сусам и ленено семе, се превртува и се доразвлекува колку може потенко. Се сече на тенки триаголници кои се виткаат во кифли.

остатокот од тестото разцлечете го во кора
тенка половина центиметар
исечете триаголници и виткајте кифли

Вака приготвените кифли се редат во плех намастен и обложен со хартија за печење. Потоа секоја кифла премачкајте ја со “лајт” или посен мајонез. Со овој трик кифлите стојат и до три дена без да се исушат. Меки се како памук. Оставете ги кифлите да отстојат 1-1,5 час на собна температура, бидејќи тестото не е ферментирано, па потребно е да стасуваат.

кифлите одозгора премачкјате ги со посен мајонез, оставете ги да стасуваат околу 2 часа, па ставете ги да се печат во добро загреана температура на 200-180 степени
печените кифли веднаш додека се топли полијте ги со 1-2 лажици растопен маргарин
оставете да го впијат и малку да подизладат

Откако ќе се удвојат ставете ги во загреана рерна на 200 степени, па откако ќе почнат да се печат намалете веднаш на 180 и печете ги околу 20 минути. Извадете ги печените кифли и секоја полејте со по една лажица растопен маргарин. / Рецепт на Валентина Машковиќ

а потоа уживајте во нивниот вкус