I РЕЦЕПТ Лек за чистење на белите дробови кој помага за бронхит, пневмонија и други воспалителни болести на белите дробови.

Откако за првпат го објавивме овој рецепт, бројни читатели на НМД.мк се јавија за да упатат благодарност со многу позитивни искуства и резултати по примената на овој природен лек.

Упатуваме ограмна благодарност до жената што го сподели рецептот, бидејќи навистина, на многумина им помогна. Еве ја оригиналната сторија и рецептот, како и неколку од коментарите на читателите кои ги споделија сопствените искуства:

синап

“Здраво, ова е стар ама испробан лек за искашлување на лепливата слуз кај деца и возрасни, која се смета како главен виновник за почетен бронхит… Ова е добро средство кое помага да не се спушти густата леплива слуз.

ленено семе

Овој рецепт ми го даде уште пред 12 години една жена, сега веќе моја драга пријателка која работи во аптека. И беше жал за мојата ќерка која тогаш беше многу малечка и едвај дишеше, се мачеше со искашлувањето, а никаков сируп што ќе ни препишеа не ни помагаше.

Аптекарката ми рече: пробај, ова е од мојата баба…и благодарам многу на нејзината баба, сè уште го користам овој природен лек.

Потребни состојки за возрасни: 500 г ливадски мед (може и посилен), 1 лимон – сок, 3 лажици ленено семе, 1 лажица семе од бел синап

Потребни состојки за деца над 3 години: 500 г багремов или некој друг светол мед, 1 лимон – сок, 2 лажици ленено семе и 1 лажички семе од бел синап

Постапка: Леленото семе и синапот сомелете ги во прав. Исцедете сок од еден поголем лимон (или два помали), па додадете го во тегла со мед.

Добро промешајте за медот малку да се разреди. Во разредениот мед додадете ги мелените зачини и мешајте добро за медот да ги впие состојките. Поклопете и оставете во фрижидер.

синап

Употреба: 3х1 лажичка на ден за деца, а за возрасни 3х1 супена лажица. Поради лимоновиот сок смесата мора да се чува во фрижидер. Овој природен лек секогаш го земам штом почне да ме гребе грлото.

ленено семе

Коментар на Снежана Јовановска: “Овој лек го имам пред 28 години и ден денес го кажувам на тој што му е потребен, посебно кој страда од бронхопневмонија и бронхит после примената на овој лек плуќата е кристал чиста без никаква трага од пневмонија или бронхит.

синап

Овој рецепт ми го даде аптекарка во Билна аптека во Кисела вода кога имавме мака со бронхопневмонија за 7 дена сè се повлече со кристално чиста плуќа каде на контрола педијатрите се чудеа како може да е кристално чисто за болест која многу тешко се лекува во тоа време. Поздрав до сите..”

Коментар на Rodna Georgieva: “Испробан рецепт помага одлично” Коментар на Nevrija Demir: “Јас го користам веќе 20 години, излечив бронхијална астма со овој лек.”

Коментар на Лила Јанковска: ”Лекот е супер само што јас користам жолт синап и со сигурност помага на здравје”

Коментар на Христина Оги Маневски: “Истиот лек го прави мајка ми и навистина е ефикасен, јас го имам јадено, ниту инјекции не ми помагаа, само леков”.

II РЕЦЕПТ Млеко со жалфија против тешка и хронична кашлица

Потребни состојки: 250 мл млеко, 1 лажица сува жалфија, 1 мала лажичка путер, 1 лажичка мед, 1/3 лажичка куркума.

Постапка: Во тенџере ставете 250 мл млеко на тивок оган, а потоа додајте 1 лажица жалфија и почекајте млекото да зоврие. Штом млекото зоврие, веднаш тргнете го тенџерето од шпоретот. Додајте 1 лажичка путер и промешајте додека да се растопи путерот. Поклопете го со капак тенџерето и оставете да отстои 15 минути.

По изминатото време, процедете ја течноста и додајте 1 лажичка мед и 1/3 лажичка куркума (за деца – 1/4 лажиче), и промешајте повторно. Напитокот треба да се испие половина час пред спиење. Загарантирана ви е тивка ноќ без тешка кашлица.

Овој брз и лесен напиток може да го подготвувате неколку дена додека да почувствувате олеснување и додека да ја исфрлите насобраната слуз од белите дробови. Рецептот може да го користат и деца и возрасни.

Но, и покрај фактот дека овој рецепт е многу ефикасен за проблеми со кашлица, самите лекари сугерираат дека жалфијата има одличен експекторанс ефект, но треба да се следат одредени медицински препораки.

На пример, овој пијалак може да ја намали лактацијата, па затоа не се препорачува за жени кои дојат. Исто така, треба да бидат претпазливи оние кои се склони кон бубрежни заболувања и хипотензија.

III РЕЦЕПТ Домашен лек за кашлица – заборавете на сирупите од рекламите

Заборавете на сирупите од рекламите – најефикасниот лек за кашлица е оној на нашите баби со црна ротквица. Како најдобро и повеќепати докажано средство против бронхитис, сува кашлица и хронична кашлица кај деца и возрасни е – црната ротквица со мед.

Овој рецепт сигурно им е познат на повозрасните затоа што го правеле нивните баби. Благодарејќи на природните состојки, не само што е единствен и вкусен, туку е исклучително корисен.

Овој природен лек е одлично средство за искашлување при болести на горниот респираторен тракт. Децата го сакаат овој сладок лек, па честопати бараат и повеќе. Не предизвикува нус појави, а многу е едноставен за приготвување.

РЕЦЕПТ

Треба да набавите една поголема црна ротквица со тежина од околу 400-500 г. Потребен ви е квалитетен мед, или во краен случај, доколку го немате, може да послужи и шеќер. Но, секако дека е подобро лекот да се приготви со мед. Подготвувањето на сирупот започнува одвечер, а се консумира следниот ден.

Постапка: Ротквицата добро измијте ја и исушете ја. Ако не е рамна, исечете го малку долниот дел за да стои рамно, или ставете ја во чаша. Отсечете го горниот дел, кој подоцна ќе ви биде потребен. Направете вдлабнување во ротквицата, а околу дупката оставете дебелина на ѕидовите околу 2 см.

Во дупката ставете две лажици мед, за да се исполни повеќе од половината или 4 лажици шеќер (ако постои алергија од мед). Затворете со капакот- горниот отсечен дел. Оставете да преноќи. За тоа време во ротквата ќе се појави лековитиот сируп. Наутро се започнува со консумација.

Употреба: За возрасни: по една супена лажица, 4-5 пати дневно, неколку минути пред оброк. За деца: по една чајна лажичка, 4-5 пати дневно пред оброк.

Во текот на денот сирупот ќе го потрошите, а навечер во истата ротквица повторно додадете мед. Истата ротквица можете да ја користите два до трипати максимум, а потоа мора да ја промените и лекот да го приготвите во нова ротквица. Со овој лековит сируп многу брзо доаѓа до ослободување од кашлицата, а децата го прифаќаат со задоволство.

Единствено, треба да внимаваат дијабетичарите и деца помлади од една година, бидејќи поголема колична мед може да предизвика алергија. Покрај делотворноста, постојат контраиндикации за користење: акутни болести на гастроинтестиналниот тракт, црн дроб, жолчна кеса и бубрези.