Колачот лесно се приготвува: ги матите сите состојки, печете и прелевате со чоколаден вкусен сируп кој на колачот Црна дама му дава божествен вкус. Како контраст на неговата боја и текстура декорирате со лесен шлаг

За да го приготвите овој колач ќе ви бидат потребни следните состојки: 500 мл јогурт, 100 мл масло, 250 г шеќер, 300 г брашно, 2 лажички сода бикарбона и 2 лажици какао. Колачот се приготвува во плех со димензии 22х30 см. Ќе би биде потребно уште малку путер за намастување на плехот.




За прелив: 150 мл млеко, 200 г путер/маргарин, 150 г шеќер и 100 г чоколадо за готвење. За декорација: 200 г прав за шлаг пена и 200 мл ладно млеко. Постапка: Во подлабок сад ставете половина литар јогурт на собна температура, 100 мл масло и 250 г шеќер, па убаво со жица за матење соединете ги состојките.




Мешајте додека шеќерот да се растопи. Потоа постепено додаjте го брашното, а за сето време мешајќи со маталката. Додајте и две лажички сода бикарбона и две лажици какао во прав. Плех со димензии 22х30 см убаво намастете го со путер или маргарин.




Потоа во него излејте ја добиената смеса. Протресете го плехот за убаво да се распореди, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Печениот колач ставете го на страна да излади. За прелив: Во тенџере на оган ставете 150 мл млеко, 200 г путер, 150 г шеќер и 100 г чоколадо искршено на коцки.




Загревајте на тивок оган додека да се растопат состојките и да се добие изедначена смеса. Штом зоврие исклучете го огнот, преливот треба да е готов. Ладниот колач рамномерно прелијте го со врелиот чоколаден прелив и оставете го настрана за да го впие целосно.




Во меѓувреме изматете го шлагот: 200 г шлаг пена пенасто изматете со 200 мл ладно млеко од фрижидер. Со миксерот матете додека да добиете цврст шлаг. Колачот исечете го на коцки и декорирајте со шлагот врз секоја коцка. Во продолжение прочитајте го рецептот за чоколадни бисквит коцки со кафе:




Колачот едоставно се приготвува, не е комплицаран, но она што го издвојува од другите и го прави посебен, е изборот на состојките. Бисквитот има интересен и привлечен вкус на лешник, а кремот е чоколаден и се приготвува со помош на готов пудинг на кој му се засилува вкусот со силно црно кафе.




За да ги приготвите овие крем коцки ќе ви бидат потребни следните состојки: 3 јајца, 150 г шеќер, 50 мл масло, 100 мл млеко, 100 г чоколадо, 70 г брашно, 1 прашок за печиво и 100 г мелени лешници. За крем ќе ви бидат потребни следните состојки:




400 мл млеко, 1 пудинг од чоколадо, 60 г шеќер, 100 г чоколадо, 50 мл силно црно кафе и 250 г путер/маргарин. За глазура уште ќе ви биде потребно: 20 г путер и 100 г чоколадо. Постапка: Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги со миксер, додајте масло, млеко, топено чоколадо, брашно помешано со прашок за печиво и лешници.




Сето добро измешајте го а потоа смесата излијте ја во намастена и набрашнета тепсија (22х36см) и печете во рерна загреана на 180°C, 35-40 минути. Прашокот за пудинг помешајте го со 2-4 лажици шеќер. Од 400 мл ладно млеко одземете 6 лажици и добро промешајте ги со смесата од пудинг и шеќер.




Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган и додајте го разматениот прашок за пудинг, па мешајќи гответе уште 1-2 минути. Во топлиот пудинг измешајте го растопеното чоколадо и црно кафе. Излејте го во подлабок сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете целосно да се олади.

Путерот пенасто изматете го и додајте го во изладениот пудинг. Сето добро промешајте го и распоредете го врз изладениот бисквит. За глазура, растопете го путерот, тргнете го од оган, измешајте го искршеното чоколадо и мешајте додека да добиете мазна структура. Колачот добро изладете го, а потоа прелијте го со чоколадната глазура. / Coolinarka.com. Деталите од подготовката на првиот колач можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.