ПОСНИ МЕКИЦИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Омилени на внучката…Еве што ви е потребно според рецептот на Галиа Георгиева:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг брашно,
2 кесички прашок за печиво,
1 лажичка сол,
1 лажичка шеќер,
700 мл лимонада или газирана вода,
3 лажици масло
ПОСТАПКА:
Од сите состојки се замесува компактно, меко и растегливо тесто. Се остава да отстои 10-тина минути, а потоа со намастени раце се кине, се тегне и се спушта во врело масло.
ПОСНИ МЕКИЦИ: Шушкави, меки како душа, шупливи и многу вкусни
Додека се пржи со лажица се полива со врелото масло за да набари. Кога ќе зарумени од двете страни се вади врз чинија обложена со хартиена салветка.
Ако постите ова ќе ви биде најубаво: посни пишии кои се прават со 1 чаша газирана вода и брашно