Полнети пиперки со рендана зелка

Фото: Родна Трпеска

Рецепт: Лена Стојковска

Потребни состојки:

4 +- кг пиперки

3 кг зелка ситно рендана или дробена

2 литри вода

2 чаши шеќер

1 ½ чаша сол

750 мл алкохолна киселина

Конзерванс

Винобран

Бибер во зрно

Морков рендан

Магдонос сечкан

Постапка:

Зелката и морковот се рендаат, се посолуваат, се мешаат, се остава да отстои два часа со повремено промешување.

За тоа време се мијат пиперките и се чистат од семките.

Потоа се полнат убаво и се стегаат, па се редат во поголем сад, тегли или буре.

Се прелива со течноста: вода, киселина, сол, шеќер и винобран, претходно добро промешано да се растопи солта. Се става по желба сечкан магдонос и бибер во зрно. Добро затворете и оставете да преноќи. Следниот ден ако бабурите впиле дел од течноста, дополнете ги теглите со остатокот од солилото, па добро затворете.

За дегустација се готови отприлика за две седмици.

Претходна статијаДиета: Ова никако не смеете да го правите – го загрозувате здравјето
Следна статијаКажете му збогум на бронхитисот: на бананата додадете и уште две состојки