Во желба да изгледате поубаво, никогаш не правете го ова!

Експертите се едногласни во ставот дека многу од диетите кои се препорачуваат денес, потекнуваат од недоволно образувани лекари или приучени лаици, а таквите носат повеќе штета отколку корист. Колку повеќе диетите се рестриктивни, толку се поштетни. Сепак, постојат 3 најбесмислени заблуди за побрзо слабеење, а тоа се:

1.Магично апче за слабеење

Во слабеењето нема магија! Всушност, апчињата кои се нудат на пазарот, најчесто се добар маркетиншки трик и се опасни по здравјето. Единствена магија е да седнете, да размислите за своите лоши навики и постепено да ги менувате. Засекогаш!

2.Цигарите помагаат во слабеењето

Што точно? Рак на белите дробови? Обидете се, доколку животот не ви е мил. Точно е дека во 20.-тите години од минатиот век пушењето било многу популарно меѓу жените. Еден од најголемите светски произведувачи на цигари стекнал огромна популарност благодарејќи на рекламниот слоган „Запалете цигара и заборавете на слатките кои ве гојат“!

3.Киселина со вода

Во дамнешните 1800.години многу припаднички на поубавиот пол, со желба да бидат совршено витки, трагале по совршена диета. Многу од нив му завидувале на славниот англиски поет Лорд Бајрон, на неговата витка линија. Меѓутоа, тој секојдневно пиел големи количини оцетна киселина разблажена со вода. Поради ова тој често повраќал и пател од дијареа.

Овие непријатности не ги спречувало многу жени слепо да го следат славниот поет…Вие немојте!