Потребни состојки:

8 пиперки

200 г печурки (буковки)

500 г печница (сварена и смелена)

3 чешниња лук

100 г домати

300 г праз

½ лажичка црвен пипер во прав

Босилек

Постапка:

Ситно исечкајте го празот и печурките, а доматот исечкајте го на коцки (или користите доматно пире).

Лукчето издинстајте го на малку вода со црвен пипер, па додадете ја претходно сварената и смелена пченица.

Додадете зачини по вкус, малку босилек па исчистените и испразнети пиерки од семки, полнете ги со приготвената смеса.

Наредете ги во плех за печење, прекријте со фолија и печете 30 минути на 180 степени.