КНЕДЛИ ОД КОМПИР (посно на вода)

Потребни состојки:

500 г компир

500 г брашно

Презла

Сол

Постапка:

Половина килограм компир ставете го да се вари неизлупен. Сварениот компир излупете го, испасирајте го, посолете го и замесете го со брашно. Убаво замесете за да биде изедначено и да нема грутчиња брашно.

Добро изработеното тесто развлечете го со оклагија, па сечете квадратчиња или тркалца (а можете да обликувате и топчиња, но вака е полесно) и спуштајте ги во зовриена солена вода.

Кнедлите се варени кога ќе започнат да испливуваат на површината.

Валкајте ги во презла и служете ги топли како прилог (со риба на пример или варен зеленчук).

Претходна статијаПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ СО ПЧЕНИЦА (посно на вода)
Следна статијаНајвкусниот брз колач без печење кој досега сум го пробала: ВУКОВАРСКИ КОЦКИ