Поефикасно од било кој лек: Оваа облога во истиот миг ги елиминира болките во грбот (рецепт)

Ослободете се од болките еднаш засекогаш.

Болките во грбот се сè почест проблем кај голем број луѓе. Основна грешка кај болните состојби е мирувањето. Кај некои состојби навистина е потребно мирување, па и самиот лекар го препорачува истото. Меѓутоа, веднаш по завршетокот на акутната состојба се препорачува мобилизација на локомоторниот систем.

Loading...

Со неактивноста и мирувањето доаѓа до окостување на коскените и зглобните структури, а мускулите сè повеќе атрофираат и не ја даваат потребната потпора на коскениот систем. Мирувањето нималку не е добро.

Освен слабеењето на мускулатурата, може да дојде до згрутчување на крвта поради слабата циркулација и појава на тромбови во вените на нозете.

Значи првата работа на која е потребно да се обрати внимание е редовното движење. Наместо лекови, секогаш е подобра опцијата да се испробаат природните решенија, а едно многу ефикасно решение е облогата од глина која се приготвува на посебен начин.

Оваа облога речиси моментно делува и телото го ослободува од болките, а ако ја користите континуирано во текот на седум денови, болките повеќе нема да се враќаат.

Глината е еден од најдобрите природни лекови кои ги ублажуваат болките во грбот, а поволно делува и врз болките во зглобови. Со векови наназад се користи со цел лекување на болки во мускули и грб, па дури и лекарите ја препорачуваат. Во некои бањи и центри за рехабилитација одамна се користи како дел од третманот на бројни локомоторни заболувања.

Глината е богата со минерални соли, како и алуминиум, калиум, натриум, железо, бакар, сребро, олово и магнезиум.

ВАКА СЕ ПРАВИ ОБЛОГАТА:

Замесете глина како леб, со оцет и малку вода. Во тоа додајте и малку ситно исечкана свежа коприва. Измесете со раце (ставете ракавици) додека да добиете смеса како тесто.

Вака приготвената смеса од глина и свежа коприва се става во најлон или крпа. Болното место најпрво се премачкува со маслиново масло за да спречи евентуална силна реакција (не ја ставајте облогата директно на гола кожа пред да се намачкате со масло).

На приготвената кожа ставете ја облогата и фиксирајте со најлонот или крпата. Оставете да делува колку што може подолго, најдобро преку цела ноќ. Следниот ден исплакнете со млака вода и сапун.

Постапката повторувајте ја непрекинато во континуитет од седум денови за да исчезне болката целосно.

Loading...