Медицинската диета не е наменета исклучиво за болни луѓе, туку можат да ја применуваат и оние кои мака мачат со вишокот килограми, а се здрави. Оваа диета е наменета за сите оние кои сакаат да постигнат неверојатни резултати и да изгубат повеќе од 15 кг за период од месец дена.

Медицинската диета спаѓа во оние строги режими на исхрана каде е потребна голема дисциплина и следење на сите правила кои таа ги бара. Но, тоа нека не ве загрижува, кога еднаш ќе го испробате овој режим на исхрана и ќе видите колку е ефикасен, со уживање ќе ги приготвувате оброците и со задовоство ќе се одречете од некои намирници без кои претходно не сте можеле да си јазмислите исхраната.

Овој режим на исхрана го осмислил американскиот кардиолог херман Тарновер за потребите на своите пациенти уште во 70-тите години од минатиот век. Диетата се покажала како многу ефикасна, па денес е многу популарна и се спроведува ширум светот.

Важно е да се истакне дека денес постојат некои измени и разлики во однос на првобитната диета која ја конципирал Тарновер. Она што е важно, тоа е дека суштината на диетата е останата иста, како и повеќето правила кои се применуваат.

Денес постојат две варијанти од медицинската диета:

Една трае 15 дена (3 серии од по 5 дена), а друга која има мени конципиран за 11 дена, но трае значително подолго (3 серии по 11 дена).

ПРАВИЛА НА МЕДИЦИНСКАТА ДИЕТА ОД 15 ДЕНА

Медицинската диета која се држи трипати по пет дена носи назив уште “Scarsdale” диета. Одлична е за оние кои имаат замастен црн дроб, а се покажала и многу ефикасна и кај губиток на килограмите. Правилата се многу јасни:

Менито се состои од протеини (околу 43%), масти (околу 22%) и јаглени хидрати (околу 35%). Ова е брза и ригорозна диета која не смее да се држи подолго од предвидениот временски период.

Ако навистина сакате да бидете што повитки, мора да се држите до сите правила на оваа диета. Тоа значи дека мора да ги јадете точно оние намирници кои се наведени во менито, без да ги заменувате со други или да воведувате нови намирници.

МЕНИ ПО ДЕНОВИ

Напомена: како што веќе е кажано, појадокот е ист за секој ден. Се јаде половина грејпфрут, парче препечен леб и шолја кафе или чај без шеќер.

ДЕН 1

Ручек: кафе или чај без шеќер, свеж домат со средна величина и разновидно сувомеснато предјадење.

Вечера: Риба по желба, порција зелена салата помешана со малку рукола, парче препечен интегрален леб и грејпфрут.

ДЕН 2

Ручек: печен хамбургер од немасно месо и порција салата од прокељ, краставица и домат.

Вечера: Зелен чај и порција овошна салата (ананас, манго, папаја, портокал, јаболко и киви).

ДЕН 3

Ручек: салата од лосос со лимон и малку маслиново масло (или салата од туна) и лубеница (или некое други сезонско овошје ако не е сезона на лубеници).

Вечера: Порција зелена салата и печено јагнешко месо.

ДЕН 4:

Ручек: кафе или чај, две тврдо варени јајца, порција зелена салата и парче интегрален леб.

Вечера: Пилешко печено на жар, варен спанаќ или некој друг варен зеленчук и свежа пиперка.

ДЕН 5:

Ручек: Кафе или чај, парче интегрален тост и спанаќ приготвен на начин кој ван најмногу ви одговара (може и свеж).

Вечера: печено пилешко или мисиркино без кожа со прокељ прелиено со павлака. Изедете и портокал или две мандарини.

Напомена: Оваа диета може да се држи и без месо ако не сте љубител на истиот или сте вегетаријанец. Во тој случај водете сметка за внесот на протеини.

ПРАВИЛА И МЕНИ НА МЕДИЦИНСКАТА ДИЕТА ОД 11 ДЕНА

Единаесетдневната медицинска диета е многу лесна за држење, а користи намирници кои се многу лесно достапни за сите. Важно е само да го следите редоследот на намирниците по денови и да не го менувате.

По правило се држи 11 дена во три сесии. Вие можете да држите и само една сесија или две во зависност од тоа колку сакате да ослабете.

Важно е да се истакне дека алкохолот е строго забранет, како и целата нездрава храна. Водата е пијалак кој се препорачува во поголеми количини (барем 3 литри дневно).

Менито по денови изгледа вака:

ДЕН 1:
Се јаде исклучиво зеленчук кој може да биде сиров или варен, но без масло.
ДЕН 2:
Се јаде само варено месо. Најдобар избор би бил телешко, но дозволено е и јагнешко како и пилешко месо. Дозволена е и виршла, меѓутоа таа не се препорачува.
ДЕН 3:
Се јаде само варен компир.
ДЕН 4:
За многумина ова е најтежок ден, бидејќи на менито има само јогурт.
ДЕН 5:
Јадете само варени јајца. На дневно ниво дозволено е да се изедат најмногу 9 јајца.
ДЕН 6:
Овошје во неограничени количини.
ДЕН 7:
Супа со малку зеленчук. Дозволена е дури и супа од кесичка.
ДЕН 8:
Варено месо како 2.ден.
ДЕН 9:
Се јаде само варен ориз.
ДЕН 10:
Повторно овошје, по можност сезонско.
ДЕН 11:

Ова е ден кога јадете комбинација од варен компир и јогурт.

Експертите тврдат дека доколку се придржувате кон пропишаниот режим на исхрана од медицинската диета, губитокот на килограми е гарантиран, а притоа не го нарушувате вашето здравје и истовремено го чистите организмот од сите натрупани отрови.