Подгответе го овој лесен и вкусен рецепт со компири секогаш кога ги имате при рака! Може да биде и ПОСНО! Нема да верувате колку е лесно да го подготвите ова прекрасно јадење со компири!

Едноставно, евтино и вкусно. Ако сакате нешто ептен вкусно, крцкаво и да се топи во уста, не барајте понатаму! Ако имате компири дома, испробајте го овој рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 компири (800 г)
100 г (1 чаша) скроб/нишесте/густин
150 г рендан чедар кашкавал/или посен, растителен кашкавал
1 грст магдонос
1 лажичка сол (8 г)

За похување: / посна верзија прочитајте ОВДЕ
1 јајце
1 чаша лебни трошки
растително масло за пржење

ПОСТАПКА:

Компирите излупете ги и исечете ги на коцки, па ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода доволно за да бидат прекриени. Варете ги додека да омекнат. Потоа процедете ги и испасирајте ги.

Во пирето сипете го скробот и измешајте додека да се соедини со компирот. Потоа додајте го ренданиот кашкавал, една рака ситно сечкан магдонос и една мала лажичка сол.

Замесете со рака додека да добиете смеса како тесто која лесно се обликува.

Намастете ги дланките, па кинете парчиња од тестото и обликувајте ги пирошките. Можете да ги правите и како крокети, стапчиња или облици по ваша желба.

Редете ги врз намастена површина. Потоа похувајте ги: во еден сад изматете јајце, а во друг лебни трошки. За посна варијанта наместо јајце користете пиво или премачкајте ги со ладна вода колку да се залепат трошките за нив.

Во широка тава сипете масло со длабочина од 1-2 см и загрејте го на умерена температура.

Спуштајте ги пирошките и пржете ги од едната страна додека убаво да заруменат, а потоа свртете ги и допржете ги и од другата.

Вадете ги врз хартиена салветка. Можете да ги послужите топли или ладни со печено месо или како самостоен оброк со некој сос. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.