Посно похување во пиво, пченкарно брашно и пченкарен гриз.

На овој начин може да се похува било каков вид на риба (морска, речна, а одлина е за сите видови филети), посни ќофтиња, тиквички, модар патлиџан, печена пиперка и уште многу други видови на зеленчук или она што вие го сакате.

Овој пат похувавме риба.

Потребни за состојки за 1 кг риба: 

300 мл пиво, 5 лажици пченкарен гриз, 3 лажици пченкарно брашно, 1 лажица бело брашно + за прво валкање, 1 лажица лебни трошки/презла, ½ лажичка црвена мелена пиперка, ½ лажичка лук во прав или во гранули и 1 лажичка сув зачин/вегета

Постапка: Измешајте ги пченкарното брашно, гризот, лебните трошки и додајте лажица бело брашно. Измешајте па додајте сув зачин, лук во прав и црвена мелена пиперка. Во друг сад ставете околу 5 лажици бело брашно.

Во трет сад ставете го пивото. Загрејте масло во тава кое треба да е длабоко барем 1 см, во кое рибата ќе се пржи на температура нешто појака од умерената. Рибата прво валајте ја во бело брашно, па потоа во пиво, па потоа во мешавината.

Валајте ја добро од сите страни и уште малку со раката притиснете. Пржете ја рибата додека да добие силна златна боја.

Доколку похувате зеленчук, количината на состојките ќе ги менувате. Покрупните парчиња бараат помалку состојки, додека ситните – повеќе. Мешавината е одлична, додека се пече не отпаѓа и не се рони.