По една лажица пред секој оброк: Природен лек за астма, кашлица, симптоми од долгогодишно пушење

Ова е еден стар рецепт од нашите баби кој ги ублажува тегобите со белите дробови. Разни инфекции, алергии и пушењето може да предизвикаат одреден тип на белодробни болести или некакви пореметувања и потешкотии со дишењето.

Ова е рецепт за популарен домашен лек кој ќе ви помогне да олесните било каков проблем со белите дробови, особено со астма, како бронхијална, така и срцева.

Во минатото нашите баби го приготвувале овој природен лек за третирање на здравствени состојби од овој вид, а оние кои го пробале тврдат дека биле во право за неговата голема исцелителна моќ.

Потребни состојки:

Loading...

500 г црвен кромид
500 г интегрален шеќер
2 лимони со средна величина
1,5 литар вода
7 лажици мед

Постапка:

Ставете го шеќерот во голема тава и на умерен оган карамелизирајте го додека да добие златна боја. Потоа додадете го претходно ситно сечканиот кромид, па мешајте неколку минути. Додадете ја водата.

Варете ја мешавината на умерен оган додека водата да се намали за третина. Оставете да излади и за тоа време исцедете го лимонот и оставете го сокот на страна. Додадете мед и лимонов сок во мешавината и ставете да отстои преку цела ноќ. Наутро процедете ја течноста и складирајте ја во стаклено шише.

Употреба: По една супена лажица 20 минути пред оброк. Откако ќе ја испиете целата доза, направете уште една доза.

Повторувајте го третманот додека да се исчистат белите дробови и да исчезнат симптомите. Децата би требало со консултација на лекар да земаат по една чајна лажичка пред секој оброк.

Loading...