Во групата НМД рецепти нашата драга членка Светлана Карапетровска Македонска нè потсети на овој стар рецепт за превкусниот ролат со кршени бисквити. Многу брза и едноставна постапка, а резултатот – се топи во уста!

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска – За да го приготвите овој вкусн ролат ќе ви бидат потребни следните состојки: 1 кг бисквити посни, 3 чаши од 200 мл вода, 2 чаши од 200 мл шеќер и 1 какао (100 г)

Постапка: Шеќерот, водата и какаото ставете ги во некој подлабок сад, на оган и загревајте на умерена температура додека да зоврие смесата а сотојките да се растопат. Добиената смеса се прелива врз искршените бисквити. Се прават ролати и одозгора се наросуваат со кокос.

РЕЦЕПТ 2: Брз и вкусен ролат со кршени бисквити – Потребни состојки: 400 г бисквити, 1 филџан млеко, 1 филџан вода, 200-300 г шеќер по вкус, 1 чоколадо за готвење (100 г), 1-2 лажици какао и ½ коцка маргарин (125 г)

Постапка: Млекото и шеќерот ставете ги на оган, а бисквитите искршете ги во поголем сад. Кога млекото ќе зоврие додадете ги маргаринот, чоколадото и какаото. Промешајте за да се растопи, па прелијте врз бисквитите. Од добиената смеса формирајте ролат со најлонска фолија и се остава во фрижидер да се стегне.

РЕЦЕПТ 3: Ролат со кршени бисквити, ореви и суво грозје – Потребни состојки: 400 г бисквити, 100 г чоколадо, 250 г маргарин, 130 г шеќер, 3 лажици мелени ореви, 3 лажици мелени бисквити, 100 г суво грозје или желе бонбони, сечкани оревии, 50 мл млеко и малку арома од рум по вкус

Постапка: Во поголем сад искршете ги бисквитите, додадете сечкани ореви и суво грозје, мелени ореви и мелени бисквити. Промешајте. Растопете го маргаринот со шеќерот, па гответе околу 3-4 минути на тивок оган, додадете го чоколадото и мешајте уште 1 минута.

Со оваа смеса прелијте ја смесата со искршените бисквити и добро промешајте. Ако сметате дека е суво, додадете уште малку млеко (ова зависи од бисквитите). Врз најлон обликувајте го ролатот и оставете во фрижидер да се стегне. – Coolinarika.com

Погледнете уште еден видео рецепт за сличен рецепт: