Превкусни пишии, мекици, уштипци со јогурт, кои сите ќе ве воодушеват со вкусот. Брзо се приготвуваат, за половина час се готови! Брзи и вкусни.

Потребни состојки:

2 јајца
250 мл јогурт
1 лажичка сол
1 прашок за печиво
550-600 г брашно

Постапка:

Двете јајца малку изматете ги со жица, па додадете 250 мл јогурт, една лажичка сол и еден прашок за печиво.

Промешајте добро и соединете. Во смесата започнете да додавате 4,5 чаши (од 200 мл) брашно или 550-600 г.

Прво мешајте со лажица, а потоа и со раце. Замесете убаво меко тесто кое не се лепи за раце. Тестото префрлете го на набрашнета работна површина и развлечете го во кора со дебелина од 5 мм.

Кората исечете ја на правоаголничина, квадратчиња или триаголничиња и оставете ги да одморат 10-тина минути. За тоа време загрејте го маслото.

Пржете ги на умерена температура. Прво спуштајте ги во масло со горниот дел, па откако ќе зарумени, свртете ги и на другата страна. Пржените пишии вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Детлите можете да ги погледнете во видеото: