Луѓето на различен начин се носат со проблемите, а исто така, на различен начин ги изразуваат. Со плачењето главно се поврзува длабоко чувство на тага.

Според психолозите плачот е добар и здрав, а луѓето кои многу плачат се посебни. Следниот пат кога ќе ви надојдат солзи, не се воздржувајте, туку сетете се на овие неколку работи кои ќе ги прочитате во продолжение на текстот.

Со плачењето се намалува стресот:

– ако сте лице кое многу лесно ги изразува емоциите, тогаш многу полесно можете да се носите со тешките животни ситуации.

Откако ќе си ја “исплачете маката и тагата”, ќе почувствувате олеснување и ќе бидете во состојба појасно да ја согледате состојбата која ве натерала на плач.

СОЛЗИТЕ СЕ РАЗЛИКУВААТ

Плачењето исто така, е знак дека не се плашите од сопствените чувства. Плачењето е знак дека ја прифаќате својата ранливост и чувствителност.

Тоа е знак дека сте силен карактер и дека работите ги нарекувате со нивното вистинско име. Плачењето исто така, е знак за здраво срце и мозок.

Ја покажувате својата храброст:

– луѓето кои ги покажуваат своите емоции се храбри и автентични. Поважно им е да ја живеат својата вистина, отколку да се грижат за тоа што ќе зборуваат другите за нив.

Покрај тоа, свесни се дека и другите како нив би сакале да ги искажат своите емоции, но не се осмелуваат бидејќи се плашат да не ја расипаат сликата за себеси.

ЗА ШТО СЛУЖАТ СОЛЗИТЕ?

Плачењето помага да се воспостави рамнотежа:

– кога ќе ги прифатите своите чувства, а плачењето е дел од процесот за прифаќање, полесно ќе ги отпуштите чувствата кои ве притискаат.

Прочитајте повеќе за солзите и плачењето ОВДЕ.