И Италијанците го приготвуваат вкусното македонско ќофте по овој рецепт

Многу вкусно јадење – прсти да излижеш!

Потребни состојки:

700 г мелено мешано месо
1 јајце
1 кесичка пармезан
1/3 шолја (од 250 мл) лебни трошки
1 лажица мелен лук (или ситно сечкан)
2 лажици сол
1 лажичка црн пипер
½ шолја млеко
½ лажичка оригано
¼ шолја сечкан свеж магдонос

Готов италијански доматен сос во тегла од 500 г или сами направете сос од:

500 г доматно пире
1 чешне лук или повеќе доколку сакате
1 лажичка чили во прав
1 лажичка мелен коријандер
Сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Loading...

Во меленото месо додадете ги сите состојки и убаво измесете го да се соединат и да се измешаат вкусовите.

Добиената смеса се остава во фрижидер да отстои два часа.

Пригответе го сосот од домати:

Пропржете го ситно исечканато лукче на малку масло. Потоа додадете коријандер во зрно или малку мелен, чили во прав и сечканите домати од конзерва или доматно пире. Гответе 10-тина минути додека да се згусне сосот.

Од смесата со месо вадете топчиња и спуштајте ги во доматниот сос. Гответе го јадењето околу еден час, односно додека ќофтињата да бидат сварени.

Loading...