Петар од Скопје: Сакам да ви кажам на сите како се спасив од високиот холестерол

Со покаченото ниво на холестерол се соочив првпат на возраст околу триесет години. Но не само холестерол. Имав и покачен крвен притисок, а пулсот ми беше околу стотка во минута.

Причините беа јасни, имав преку сто килограми, бев физички неактивен, водев нездрав начин на живот. Постојано се храбрев себеси дека еве, сега, од понеделник ќе почнам да држам диета, ќе сменам некои навики и ќе се средам. Но тоа јас само си се лажев себеси.

Сè до моментот кога при еден систематски преглед од работа, не ми кажаа дека ми е замастен црниот дроб. Е тогаш веќе се исплашив и навистина почнав со диета, вежбање и здрав начин на исхрана. Успеав да симнам скоро дваесет килограми за околу десет месеци, си ја вратив кондицијата и ги решив сите проблеми кои ги имав. Високиот притисок и срцебиењето се вратија во нормала и вредностите за црниот дроб исто така. Но за ова имам пишувано и порано.

Што се случи подоцна. Јас продолжив да внимавам на исхраната во годините потоа. Исто така, продолжив и со физичка активност. Но некаде после четириесеттата година од животот, при редовни контроли на крвта, забележав дека вкупниот холестерол, триглицеридите и лошиот холестерол имаат покачени вредности. Тоа беше нов аларм за мене.

Од почеток, си мислев дека сум претерал со јадење и пиење и дека кога ќе дојде време за големиот пост (инаку ги држам сите големи православни пости во годината и секоја среда и петок), кој патем многу ми помага за моето физичко, но пред сè духовно здравје, ќе средат вредностите, но не беше така. Дури и после триесет дена од постот, вредностите на маснотиите во крвта беа благо покачени.

Тогаш, мој пријател кој е професионален бодибилдер, ми го кажа рецептот за спас. Ми рече, ќе купиш природни суплементи, таблети од црвен ориз и крилово масло (масло од ракчиња). Ова ми изгледаше помалку неверојатно, но што можев да загубам. Алтернативата беше да почнам да пијам статини, за кои имав слушнато дека ако еднаш почнеш да ги пиеш, се навикнуваш на нив и потоа ако ги прекинеш, се покачуваат вредностите на маснотиите во крвта.

Читав малку и дознав дека црвениот ориз е природен статин, а маслото од крил одличен сојузник за борбата против висок холестерол. И почнав. Пиев секој ден по една таблета крилово масло од Алкалоид и две таблети црвен ориз од ФармаС.

Сега, да не излезе дека ова е реклама, но јас ги одбрав суплементите од овие производители. Ми одговараа и цените, кои се пристапни. Вие можете да пробате и со други.

И види чудо. После еден месец од редовното консумирање на ови суплементи, секој ден, отидов да направам крвна слика и вредностите на вкупниот холестерол ми беа 4.7, многу под нормалното ниво. Па мене по 7 не ми беше холестеролот со години. Исто така, вредноста на лошиот холестерол се нормализираше, а добриот и онака ми беше добар поради физичката активност.

За да откријам дали ова случајно се случило, јас во текот на првата година правев тест. Ја прекинував оваа природна терапија и по еден месец ја проверував крвта. Вредностите беа покачени! Ваков тест направив два пати, што беше доволно да се уверам дека оваа комбинација ,,работи” и да продолжам да ја користам постојано. На секои три месеци правам пауза по 2-3 недели, незнам ни сам зошто, но таков режим си воспоставив! Искрено препорачувам!

Петар Попоски

Loading...