Погододни се за било која пригода!

Потребни состојки:

500 г суви смокви
200 г суво грозје
400 г шеќер
200 мл вода
250 г мелени ореви
4 листови обланда
250 г маргарин
250 г шеќер во прав

Постапка:

Сувите смокви и сувото грозје сомелете ги на машина за месо. За да не ви лепи, може по малку да наросите скроб.

Шеќерот и водата сварете ги во сируп, па додадете ги сомелените смокви и грозје, мешајте додека добро да се соедини. Потоа додадете мелени ореви.

Филот поделете го на два еднакви делови. На лист од обланда нанесете еден дел од филот, па поклопете со друг лист обланда.

Истото направете го со преостанатиот фил и обланди. Обландите се филуваат така што рапавата страна да остане горна.

Добро изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Со овој фил премачкате ја едната филувана обланда па поклопете ја со другата. Одозгора ставете нешто тешко и оставете да се стегне. Сечете на коцки или штангли.