Вкусни крофни печени во рерна.

Потребни состојки: 70 г путер, 125 мл млеко, 125 мл вода, 2 јајца, 1 ванилин шеќер, 500 г брашно, малку сол, 1 квасец и 55 г растопен путер за премачкување на крофните

Постапка: Квасецот помешајте го со брашното и ванилин шеќерот. Потоа додадете јајца, вода, млеко и растопен путер, па замесете фино, меко тесто. Тестото оставете го да се удвои.

Кога тестото ќе стаса и убаво ќе нарасне и ќе зголеми својот волумен, размесете го нежно колку да гормирате топка, а потоа со помош на оклагија развлечете го во не премногу тенка кора, проблишно околу еден центиметар, па со чаша вадете кругови.

За полесно да се сечат крофните и да излегуваат од чашата, пред секое засекување во тестото, чашата малку набрашнете ја. Плехот обложете со хартија за печење и премачкајте го со растопен путер. Секоја крофна одозгора премачкајте ја со путер.

Оставете ги во плехот да стасуваат додека да станат воздушести и да го удвојат својот волумен. на тој начин тие ќе бидат меки како душа после печењето. Значи, откако ќе стасаат, дури потоа печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени околу 20 минути.

Врелите печени крофни премачкајте ги со растопен путер (55 г) и оставете ги малку да подизладат и да го впијат путерот. Готовите крофни валкајте ги во шеќер кристал (за да се нафатат убаво од сите страни) и одозгора наросете ги со шеќер во прав. Може да додадете и ванилин шеќер.

Кога ќе бидат изладени, може да ги филувате по желба со шприц за торти (пробушете ги истиснете го филот). Како фил можете да користите џем, мармалад, чоколаден или лешников крем, па дури и пудинг од ванила, овошен или чоколаден. Одозгора можете да ги прелиете со чоколадна глазура.