Фото и рецепт: Верица Николиќ

Потребни состојки:

1,5 кг риба (ослич)
1 лажичка лук во прав
1 лажичка рузмарин
1 лажичка слатка црвена пиперка во прав
½ лажичка лута црвена пиперка во прав
½ лажичка црн пипер во прав
1 лажичка сув зачин (вегета)
2 лажички сол
½ лажичка сув лист од целер
1 лажичка мајоран

и уште:

10 лажици обично брашно
6 лажици пченкарно брашно
3 лажички црвена пиперка во прав
масло

Постапка:

Рибата исчистете ја и исечете ја на парчина со величина по ваша желба. Измешајте ги сите зачини за рибата во еден сад.

Рибата наросувајте ја со мешавина и со раце добро протријте ја, секое парчи да биде опфатено со зачините.

Вака зачинатете риба поклопете ја и оставете ја во фрижидер да отстои околу еден час за да ги прими вкусовите.

Змете една кеса, па во неа ставете ги двата вида брашно и алевата пиперка, па измешајте ги за да се соединат.

Во поголема тава ставете длабоко масло да се загрее. Во кесата ставајте по неколку парчиња риба, испревртувајте со рацете и протресувајте за да може рибата убаво да се облепи со брашно од сите страни. Потоа ставете да се пржи.

Кога рибата ќе зарумени од едната страна, свртете да се испржи и од другата страна.

Пржената риба вадете ја на кујнска хартија, за да се впие вишокот маснотија. Пржената риба послужете ја со компир салата.