Памук кифли со џем…Се топат во сируп и валкаат во кокос, излегуваат 40 парчиња и со денови остануваат свежи… Многу вкусни кифли со џем по ваш вкус. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

2 јајца
200 мл масло
300 мл млеко
1 лажичка сув квасец
100 г шеќер
Околу 700 г брашно

За фил: џем од сливи
За сируп:
200 г шеќер
300 мл мл вода
За наросување: 100 г кокос

Постапка:

Во 300 мл млако млеко растворете лажичка сув квасец и 100 г шеќер. Оставете да се активира па додајте 2 јајца на собна температура, 200 мл масло и брашно, па замесете тесто.

Брашното додавајте го постепено додека да добиете средно меко тесто кое не се лепи. Добро измесете го и оставете го да ферментира, додека да го удвои волуменот. Потоа поделете го на 5 топчиња.

кифли со џем

Секој дел развлечете го во тенка, тркалезна кора и исечете 8 триаголници. На секој триаголник од тестото ставете по лажичка џем и свиткајте во кифличка. Истото направете го со преостанатото тесто.

Кифличките оставете ги да отстојат 15 минути па печете ги на 200 степени додека малку да заруменат.

кифли со џем

Во меѓувреме сварете го сирупот: Во еден сад ставете шеќер и вода, па варете 4-5 минути од времето кога ќе проврие.

Печените кифлички додека се топли валајте ги кратко во топлиот сируп (не треба да стојат туку само да се провлечат низ сирупот од едната и од другата страна, па потоа посипете ги или извалајте ги во кокос.

Кифличките повеќе денови остануваат меки, па можете однапред да ги приготвите за некоја прослава.

кифли со џем