Раскажува жена која лично го искусила овој лек после агресивната хемотерапија низ која морала да помине. Рецептот го дознала од руски медиум.

Станува збор за традиционален руски рецепт за еден ферментиран напиток кој е многу корисен, а содржи компоненти кои ја активираат работата на цениот дроб, бубрезите и цревата. Вкусот е пријатен и одлично делува алакализирачки врз организмот.

Станува збор за напиток, односно квас од цвекло, коренест плод кој е особено ценет во Русија и каде се употребува подеднакво и во исхраната и во медицината.

Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека консумирањето на овој ферментиран напиток од цвекло, оневозможува развој на малигни тумори, го чисти црнио дроб од токсини и го одмастува, ја лекува опстипацијата и другите проблеми со цревата.

Руската традиционална медицина смета дека квасот од цвекло е најдобриот немедицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок (го намалува) на подолг временски период, корисен е и кај артеросклероза.

“Според овој рецепт, јас го користев за да го исчистам црниот дроб откако поминав низ агресивна хемотерапија. Процесот за подготовка не е тежок, достапен е за секого.

Потребни состојки:

700 г сирово излупено цвекло
2 лажици брашно или 2 парчиња постар ‘ржан или црн леб
200 г шеќер или мед
100 г суво грозје
стаклена тегла од 3 литри

Постапка:

Цвеклото добро измијте го и излупете го, па исечете го на коцки или тенки плочки. Наредете го во чиста тегла.

Додадете суво грозје, 2 лажици брашо и 200 г шеќер.

Теглата дополнете ја со ладна филтрирана вода и промешајте. Доколку сакате, наместо вода можете да ставите расолница од кисела зелка или сурутка.

Теглата подзатворете ја со пластичен капак, не пресилно, или уште подобро, со двојна газа, за да може да “дише” и да се овозможи ферментација.

Теглата оставете ја на топло место околу 6-7 дена. Двапати дневно треба да се промешува и по потреба да се отстранува пената.

Седмиот ден смесата процедете ја низ газа и течноста складирајте ја стаклено шише. Остатокот фрлете го.

Добиената течност има слатко-киселкаст вкус, соленкаст и земјен, на телото му е пријатен.

Употреба:

Се пие по 3-4 супени лажици трипати дневно, половина час пред оброк. Испијте ја целата доза и со тоа се завршува првата терапија од чистењето на црниот дроб.

Направете пауза од 3 месеци, па повторете го третманот. Повторно направете пауза од три месеци, па повторете по третпат. За една година вашиот црн дроб ќе биде целосно регенериран!

Квасот се чува во фрижидер. Можна е појава на ретка столица. Организмот се чисти, па затоа се присутни и благи пропратни реакции.

За методот:

Овој метод го применуваат лекарите во некои болници во Русија, бидејќи дава одлични резултати, не само за чистење на црниот дроб, туку и за целиот организам. И како одлично средство за хипертензија и атеросклероза.

После првата испиена доза, кај мене се стабилизираше крвниот притисок. Кога им го препорачувам на моите пријатели, ги предупредувам дека при чистењето, од организмот може да се исфрлат песокот и ситните каменчиња од бубрезите. Инаку, овој квас од цвекло многу добро ги чисти бубрезите и црниот дроб.

Контраиндикации:

Квасот не се препорачува за оние кои имаат болни бубрези, проблем со гастроинтестиналниот тракт во акутна фаза и гихт. Во овој случај неопходна е консултација со лекар. Мора да бидете внимателни и доколку имате низок крвен притисок.