Нездравата исхрана е еден од најголемите проблеми на денешницата. Се смета дека неправилно избалансираната исхрана е главниот причините за предвремена смрт во светот.

Меѓутоа, секојдневно луѓето сè повече обраќаат внимание на она што го консумираат, и ова е добрата вест. Овој рецепт ќе ви помогне да се ослободите од зголемениот холестерол и вишокот килограми.

Дури и некои лекари го препорачуваат на своите пациенти кои страдаат од висок холестерол. Сите состојки во пијалaкот се многу здрави и ќе му помогнат на телото да се избори против голем број болести, а во комбинација заедно претставуваат одлична алатка за уништување на масните наслаги!

Потребни состојки:

1-2 китки магдонос
3 литри вода
5-6 органски лимони
1 супена лажица сода бикарбона

Упатство:

Лимонот добро измијте го и исечете го, а истото сторете го и со магдоносот. Ставете ги да се варат во водата, на многу тивок оган, во времетраење од два часа.

Почекајте околу еден час додека смесата да се излади. Потоа извадете ги состојките, ставете ги во блендер со малку течност и целосно сомелете ги додека да се изедначи смесата.

Смесата заедно со течноста повторно вратете ја на оган и варете уште три часа на многу ниска температура. Овојпат во смесата додадете и една супена лажица сода бикарбона.

Ќе добиете околу 1,5 литар сируп.

Употреба: се пие секое утро по една ракиена чашка. Оваа доза би требало да биде доволна за 15 дена.