Фадиљ од Битола: Пред 10 години имав 105 кг и дијабетес, за 1,5 месец се излекував и симнав 35 кг, еве како

-Пред 10 години имав дијабетес зошто размислував со “стомак”

Ова е приказната на Фадиљ Ибишовски од Битола, како тој го изоде патот на успехот, од куп болести до совршено здравје.

Loading...

Пред точно 10 години, поради погрешен начин на исхрана се стекнав со многу болести – вели тој на својот Фејсбук профил.

Главно, мојата исхрана се состоеше со храна од животинско потекло. Беше тоа време кога размислував со “стомак”, а не со глава. И додека ја влечкав плинската боца и скарата насекаде по мене, си се здобив со еден и си ги носев еден куп болести со мене.

Природата е неумолива, а законите се строги, непоткупливи и непроменливи: Или ги почитуваш и имаш супер здравје или не ги почитуваш и се соочуваш со болести.

Така се стекнав со следниве болести: Дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол и триглицериди, гонартроза на колената, желудочна кила, циста на десниот бибрег, хемороиди, лоша дигестија – киселини во желудникот.

Десет години така кубурев со болестите и нигде крај.

Но, за моја среќа, една вечер одеше емисија на Алфа ТВ со д-р Слаѓана Велков. Темата беше: “Месото и млекото не се храна за луѓето”, а токму тоа е храната што јас најмногу ја консумирав и која ме доведе до еден куп болести.

Многу ме заинтересира и веднаш започнав да следам д-р Велков на Јутјуб и на Интернет. Тоа беше почетокот на мојот пат кон успехот, пат кон освестување, пат кон промени од лошиот начин на исхрана.

Не помина долго време, брзо учев и со љубов и голем интерес, па многу брзо се случија промените. Преминав во веганство.

Почнав и да спортувам, 6 години теретана, планинарење и вега исхрана 100% ги даде очекуваните резултати.

Се случија чуда во мојот организам. Од 105 килограми колку што ги имав, за само еден месец и половина симнав цели 35 килограми. Кога стигнав на 70 килограми болестите една по една почнаа да исчезнуваат.

За кратко време мојот организам се врати во една нормала со оптимално здравје. Ги излекував сите болести, една по една за многу кратко време.

Оттогаш па до денес се поминати 10 години со веганска исхрана и одлично здравје – живот без болести.

Голема благодарност до д-р Слаѓана Велков која ми ги отвори очите и ми го покажа “патот кон успехот од болести до здравје”. Да, денес живеам во совршено здравје.

ИНТЕРВЈУ СО ФАДИЉ ИБИШОВСКИ (Од архивите)

НМД: Фадиљ, на почеток, кажи ни нешто за себе, какви беа твоите животни навики порано, твојата исхрана, твоите дијагнози.

Фадиљ Ибишовски: Дијабетесот тип 2 не е болест, туку метаболичко пореметување. Се лечи за точно три седмици, јас имав дијабетес тип 2 и се излекував!

НМД: Во што се состоеше твојата терапија? Дали таа беше таблетарна или инсулинска?

Фадиљ Ибишовски: За дијабетес тип 2 не е потребен инсулин, панкреасот ја врши својата работа, ама доаѓа до замастување како резултат на преголемата тежина, замастување на клетките и крвта, при што се зголемува вискозноста на крвта.

НМД: Споменуваш и гонартроза, оштетување на ‘рскавицата од колената. Значи ли тоа дека со новиот начин на живот го надмина и овој проблем? Се обнови ‘рскавицата?

Фадиљ Ибишовски:
За гонатрозата примав инекции 3 пати на ден, Немаше никакво фајде. Кога преминав на веганска исхрана, по месец и половина, јас го надминав тој проблем!
НМД: Фадиљ, од што се состои твојата исхрана во моментов?

Фадиљ Ибишовски:  

80 проценти сирова исхрана и 20 проценти варена храна, ама исклучиво од растително потекло. Ништо од животинско потекло. Еве, 6 години, здравјето ми е фантастично.

Loading...