Овој рецепт за ШТРУДЛИЧКИ го имам долги години и сѐ уште е најдобриот…Имаат долг рок на траење и секој нареден ден се сѐ подобри и подобри…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи мала шолја за кафе од 75 мл):
2 јајца
1 мала шолја шеќер (или 2 за оние што сакаат послатко)
2 мали шолји млеко
2 мали шолји масло
2 кесички ванилин шеќер
550 г брашно
1 прашок за печиво
за фил: околу 600 г џем од сливи
за посипување одозгора: шеќер во прав
ПОСТАПКА:
Со жица соединете ги јајцата и шеќерот. Додајте масло, промешајте, па додајте млеко и повторно промешајте. Потоа додајте ја ванилата, брашното и прашокот за печиво. Замесете меко тесто кое не се лепи за рака.
Истресете го на набрашнета површина и добро измесете го. Со оклагија развлечете го во правоаголна кора со дебелина од 2 мм. Исечете ленти со широчина од 7-8 мм. Во средината од секоја лента распоредете џем. Затворете ги лентите.
Наредете ги во плех обложен со хартија. Исечете ги на должина по ваша желба и печете ги 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се подизладат, па посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: