Не пропуштајте го овој рецепт за пита „Сеченица“ која нашите баби редовно ја приготвуваа. Секоја домаќинка си има некој свој рецепт, а овој ќе ве воодушеви. Питата е многу вкусна и сочна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 500 г брашно, 10 г прашок за печиво, 10 г сол, 75 г масло, 250 мл млеко 2 јајца. И уште: 70 г скроб/нишесте за посипување на коричките. ЗА ФИЛ: 2 јајца, 200 г рендан кашкавал, 200 г ситно и свежо сирење, 10 г сол или по вкус, по 10 г младо кромитче и свеж копар. За премачкување: 100 г растопен путер, за преливање на питата: 200 мл млеко

ПОСТАПКА: Од наведените состојки замесете компактно тесто кое не се лепи на рака. Истресете го на малку набрашнета работна површина и дообликувајте го, треба да биде средно меко. Поделете го на три дела.

Секој дел премесете го, па развлечете го на тенок валјак и поделете го на 14 (12-15) парчиња. Секое парче обликувајте го во топче. Топчињата наредете ги во три посебни чинии, покријте ги со кеса или стреч-фолија за да не се сушат и оставете ги да одморат 10 минути.

Потоа секое топче развлечете го со оклагија во тенка кора со големина на чинија, а за да не се лепи наросувајте со скроб. Вака развлечените корички редете ги една врз друга како палачинки. Треба да добиете три купа.

Секој куп кори развлечете го одеднаш за да добиете една поголема кора со големина на тепсијата во која ќе се пече питата, најдобро со димензии 26 см. Првата кора ставете ја во намастената тепсија, па одозгора премачкјате ја со растопен путер.

Врз кората распоредете половина од филот (сите потребни состојки само измешајте ги), покријте со втората кора. Откако и неа ќе ја премачкате, распоредете ја втората половина од филот, па поклопете со последната, третата кора.

Исечете ја питата на коцки, па одозгора прелијте ја и премачкјате ја рамномерно со преостанатиот растопен путер. Ставете да се пече 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Полуиспечената пита извадете ја од рерна и со ножот повторно поминете преку засеците.

Додека е топла залијте ја со 200 мл ладно млеко и вратете во рерна, па допечете ја уште 15 минути на 180 степени. Уживајте во предобриот вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Да ја сочуваме традицијата – пита на традиционален начин, позната како -сеченица” – ОВДЕ.

Да ја сочуваме традицијата – пита на традиционален начин, позната како “сеченица”