Home Здравје Овие 7 работи во домот се многу повалкани од ВЦ школката, а...

Овие 7 работи во домот се многу повалкани од ВЦ школката, а четвртата речиси секогаш заборавате да ја исчистите

Тоалетната школка за многумина претставува најголема асоцијација со бактерии и посветуваат најголемо внимание за нејзино чистење. Но, во домот постојат површини и предмети, кои собираат и многу повеќе бактерии од ВЦ школката, како на пример:

​

1. Електронски уреди

​

Користете микрофибер крпа и благо средство за дезинфекција во зависност од инструкциите за користење на уредот. Бидете внимателни при чистење на копчињата.

​

2. Четка за заби

​

<

Чувајте ја четката за заби, колку што е можно подалеку од ВЦ школката. Потопете го врвот на четката за заби во течност за плакнење на забите и оставете да отстои околу 15 минути. Четката за заби, менувајте ја на секои 2 до 3 месеци.

​

3. Теписи

​

Вшмукување не е доволно, бидејќи нема да се ослободите од бактериите кои се вовлекуваат во нив. Одвреме навреме, потребно е нивно длабинско чистење и перење со вода и средство.

​

4. Торби и ташни

​

Еднаш неделно, избришете ја вашата ташна со крпа натопена во вода и детергент. За да бидете сигурни, користите специјални производи за длабинско чистење.

​

5. Крпи во тоалетот

​

Крпите во тоалетот, после секое користење мора да се исушат, за да не бидат погодно тло за привлекување бактерии. Менувајте ги секој втор ден.

​

​

6. Одводот во кујната

​

Немојте само да го исплакнете со топла вода. Најмалку два пати неделно, по подготовка на сирова храна, ипрскајте со антибактериски спреј, нека остане 10 минути и исплакнете.

​

7. Лежалки за миење садови и сушење

​

Измијте ги во топла вода со детергент и потоа потонете ги околу десет минути во дезинфекционо средство. Сунѓерите менувајте ги на секои две недели.