Домашно слатко од аронија – РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

500 г бобинки од аронија

1 кг шеќер

2 чаши вода

1 ванилин шеќер

Постапка:

Аронијата добро исперете ја. Во подлабока шерпа ставете шеќер.

Во шеќерот ставете 2 чаши вода.

Мешавината од шеќер и вода ставете ја на силен оган да зоврие.

Кога шеќерот и водата ќе зовријат, полека додадете ги бобинките од аронија.

Не треба да се меша, туку само добро да се растресе шерпата.

Оставете на силен оган да се готви.

Со лажица треба да се трга пената.

Оставете уште 15 минути да се вари.

На крајот додадете ванилин шеќер.

Тргнете ја шерпата од оган, за да се излади слаткото. Задолжително со крпа или ткаенина покријте го слаткото додека се лади.

Кога ќе стане млако, складирајте го во стаклени стерилизирани тегли.
Чивајте на темно и ладно место.

Видео:

Претходна статијаСледната есен, ОВИЕ 3 хороскопски знаци ќе се сретнат со својата СТАРА ЉУБОВ и…
Следна статијаОвие 7 работи во домот се многу повалкани од ВЦ школката, а четвртата речиси секогаш заборавате да ја исчистите