Магнезиум хлорид – вредно минерално соединение добиено со испарување на морската вода – се покажа како многу корисно во лекувањето на многу болести. Недостаток на магнезиум во организмот е еден од ризичните фактори за развој на многу болести.

Покрај тоа што ги потиснува инфекциите и го подобрува општото здравје, магнезиум хлоридот има и чудесна способност за подмладување. Имено, клетките на човечкото тело се распаѓаат доколку не се снабдат со доволно количество магнезиум.

Околу 80% од луѓето имаат дефицит на магнезиум. Ова се случува поради несоодветна исхрана, а најмногу се должи на фактот дека употребата на сложени јаглехидрати ја зголемува потребата на организмот за магнезиум и витамин Б6, но истовремено употребата на едноставни јаглехидрати се меша со апсорпцијата на истиот магнезиум.

Она што е исклучително важно, а што лесно се занемарува, е недостатокот на хлороводородна киселина во желудникот, бидејќи дефицитот на оваа киселина спречува апсорпција на магнезиум.

Недостаток на магнезиум придонесува за ризик кон секоја можна болест, од психолошки, како депресија и замор, до далеку потешки како што се автоимуни заболувања (МС, дијабетес тип 2, карцином, фибромијалгија, аутистичко однесување, срцев и мозочен у дар, мигрена..

При несвестица, првата помош е давање инфузија со магнезиум, а оние кои преживеале мозочен у дар, примаат редовна терапија со магнезиум како ин-јектирање.

Несомнено, магнезиумот е исклучително важен минерал за организмот затоа што влијае врз активноста на повеќе од 300 ензими и соодветно е вклучен во речиси сите процеси во нашето тело.

Учествува во активирање на ензимите потребни за репликација на ДНК. Овозможува нормално пренесување на импулсите до нервните влакна и ги балансира нервниот и мускулниот систем.

Неопходен е за претворање на храната во енергија, за здравјето на забите и кос-ките, за правилно функционирање на срцето, заштита на кр-вните садови и спречување на висок кр-вен притисок.

Исто така е важен за релаксација на мускулите и добар сон и спречува болести како што се хроничен замор, главоболки и мигрена. Редовниот внес на магнезиум во организмот ги штити кос-ките од остеопороза, ги отстранува б олните гр-чеви за време на мен-струацијата и многу помага при ПМС.

Постојат бројни сведоштва на жени кои тврдат дека изгубиле тежина откако го зголемиле внесувањето на магнезиум во организмот. Покрај тоа, тие имале повеќе енергија. Кај мажите, магнезиумот има подеднакво корисен ефект, особено кај проблеми со простатата.

Во денешно време, експертите сè повеќе предупредуваат на фактот дека и здравите и болните луѓе стра-даат од недостаток на магнезиум во организмот. Истражувањата во Германија покажаа дека 40% од луѓето постари од 18 години имаат дефицит на магнезиум.

Недостаток на магнезиум влијае и на 85% од преживеаните од срцев у дар. Нашето тело апсорбира само една третина од магнезиумот од храната. Со консумирање храна од бело брашно, како што се леб, колачи и тестенини, внесуваме резерви на магнезиум во организмот.

Храната што е природно богата со магнезиум како резултат на современиот начин на одгледување, долгото складиштење и замрзнување, е сè посиромашна со овој минерал. А кога конечно овој минерал ќе се најде на нашата трпеза најчесто е во варена форма со што се губат 40 – 70% од него.

Магнезиумот што го внесуваме во организмот преку храна се претвора во магнезиум хлорид. Затоа, магнезиум хлорид може да се внесе директно во организмот без никакви штетни последици. Со многу придобивки, магнезиум хлоридот е одлична алатка за бор-бата против инфекции.

Францускиот хирург, проф. д-р Пјер Делбет, во 1915 година, забележал антибиотски својства на магнезиумот. Во неговите експерименти поврзани со спречување на инфекции на ра-ни, тој открил дека растворот на магнезиум хлорид е значително поефикасен од традиционалните лекови.

Проф. Делбет исто така експериментирал со внатрешната примена на магнезиум хлорид и открил дека овој раствор силно го стимулира имунитетот. По внесувањето на магнезиум хлорид во организмот, белите кр-вни клетки се трипати поефикасни во уни-штувањето на микроорганизмите.

Со текот на времето, професорот Делбет открил дека магнезиум хлоридот има корисен ефект врз голем број на болести и заболувања, како што се болести на дигестивниот тракт, акни, егзема, псоријаза, уртикарија, астма, алергија, болест на простата, Паркинсонова болест и проблеми со циркулаторниот систем.

Во своето истражување, тој исто така утврдил дека магнезиум хлоридот е ефикасен против респираторни заболувања, засипнатост, настинка и грип. Д-р Раул Вергини и бројни други лекари го потврдија влијанието на магнезиум хлорид врз овие болести и заболувања.

Списокот е голем и вклучува болести како што се херпес зостер, конјуктивитис и ревматски заболувања. Магнезиум хлоридот има корисен ефект и за хроничниот замор и при шокова состојба. Но, дури и да сте здрави, изгледот на косата, ноктите и тенот ќе се подобрат, како и расположението доколку консумирате магнезиум.

Магнезиум хлорид ја враќа минералната рамнотежа кај остеоартритисот, стимулирајќи ги функциите на органите, како што се бубрезите, да лачат урична киселина. Ја регулира работата на нервите и мускулите и учествува во преносот на импулсите во нервите.

Магнезиум хлорид е главниот фактор на психофизичка енергија и одржува рамнотежа во механизмот на дејствување и релаксација на мускулите, спречува мускулен замор и грчеви, ги зајакнува мускулите и се препорачува за секој спортист.

Магнезиум хлорид е потребен за правилно функционирање на срцето, тој игра важна улога во многу биолошки процеси. Го подобрува варењето и обезбедува енергија, добар антидепресив и одлично средство против с трес.

Ја регулира температурата на телото, корисен е за превенција од висок холестерол, ја регулира функцијата на дебелото црево. Има значајна улога во формирањето на кос-ките, како и во метаболизмот на јагленихидрати и протеини.

Ја намалува количината на масти во кр-вта, делува против артериосклерозата, ја чисти кр-вта, ги ревитализира мозочните клетки, ја одржува виталноста – младост до старост.

Ги регулира проблемите со простатата и хемороидите, спречува грип и настинка, помага во намалување на килограмите, а воедно е и одличен лаксатив. Ги намалува проблемите со бронхитис, делува против лошиот здив, ја олеснува главоболката. Го подмладува телото, елиминира болни симптоми при менструација, ја зголемува енергијата, го штити кардиваскуларниот систем и има антиканцерогено дејство.

Во суштина, не постои соодветен медицински тест за утврдување на нивото на магнезиум во ткивата. Само еден процент од овој минерал циркулира во кр-вотокот, а кр-вниот тест апсолутно не може да покаже колкави се вкупните нивоа во телото.

Посериозни симптоми на недостаток на магнезиум се – тремор и грчеви во мускулите, абнормален срцев ритам, на-пади на паника, вртоглавица, слабост, главоболки, недостаток на апетит, повраќање..

Најголемата концентрација на овој минерал може да ја најдете во агар, семки од тиква, семки од сончоглед, семе од сусам, какао, јаткасти плодови. Апсорпцијата на магнезиум се намалува со возраста или ако земате диуретици, антибиотици или некои лекови кои се користат за лекување на рак.

Исто така, не заборавајте дека магнезиумот е балансиран ЗАЕДНО со калциум и витамини К2 и Д3. Најчестиот проблем во текот на топлите периоди е б олката во мускулите и зглобовите, како и сува кожа, поради потење и ефектите од УВ зраците.

Домашен лосион со магнезиум, или масло од магнезиум, кое може да ги реши сите овие проблеми истовремено. Сепак, иако е многу важен, заради неправилната исхрана, многу луѓе не внесуваат доволно магнезиум. Започнете што е можно поскоро, бидејќи неговиот недостаток има сериозни последици.

Покрај исхраната, постои уште еден начин да се внесе магнезиум во телото, и по скратен пат – преку кожата. Со овој метод, сигурно ќе го задоволите препорачаниот дневен внес (280 – 300 мг за жени, 270 – 400 мг за мажи), а за тоа ви требаат само зовриена вода и магнезиум хлорид.

Д-р Норман Шели, американски специјалист за холистичка медицина, го спровел  истражувањето, за време на кое учесниците секојдневно нанесувале домашен лосион  на кожата. По само четири недели, 75% од учесниците имале повисоко ниво на магнезиум во своето тело.

Рецепт за домашен лосион за магнезиум 

Потребни состојки: 3 лажици врела, зовриена вода, половина чаша магнезиум хлорид.

Подготовка: Сè што треба да направите е да ја помешате водата со овој моќен прав и да ја нанесете на кожата. Со овој лосион, можете да се ослободите од б олката во кос-ките и мускулите – само втријте го лосионот на болното место и почекајте 2 – 3 минути.

Истата смеса можете да ја користите за редовна нега на кожата на телото, наместо вообичаени креми полни со хемикалии. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска