Секоја намирница со себе носи нешто добро но и нешто лошо. Исто така, она што некому може да помогне, на друг ќе му одмогне. Сè зависи од здравствената состојба на човекот.

Некогаш се верувало дека ова мало жолто зрно е добро во борбата против веш-терки и з-ли ду-хови. За заштита се поросувало на праговите од куќата, па дури се ставало и во темелите. Најпознат е стариот народен обичај да се наросува просо помешано со јаглен околу куќата, за се „одбива“ лошата енергија.

Особено го користеле младите девојки кои сакале да се омажат – го поросувале околу оградата и трипати повторувале: „Колку просови зрна, толку додворувачи (запросувачи) да имам!“

Просото е житарица богата со минерали, пред сè со фосфор и магнезиум, но и комплекс од витаминот Б. Во нашите краишта е донесено од Африка и Азија и некогаш се корситело за производство на безквасни лебови, пред да стане храна за птици и стока.

Велат дека старите Кинези го сметале за една од петте свети билки, покрај сојата, оризот, пченицата и јачменот. Лесно се одгледува, не бара посебни вложувања, па оттука веројатно и неговата ниска цена. Постојат неколку видови на просо: обично просо, мухар, бар просо и светло семе.

Иако е богато со растителни протеини, содржи и скроб, а поради високата содржина на салицилна киселина, просото се смета за вистински козметички препарат – одлично делува на ноктите, кожата, косата и забите. Не содржи глутен.

Просото е житно едногодишно растение. Со висина од 80 до 100 см. Стеблото е исправено со широки и долги листови. Класот на просото е растресит. Просото се култивира на полиња и плантажи. СОДРЖИ: содржи фосфор, калиум, магнезиум и др.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:

Многу одамна просото се употребувало за лекување на водена болест, за прочистување на цревниот тракт од бактерии, прочистување на кр-вта, и против мокрење во кревет.

ЕДНА ЧАША лупени зрна од просо се поливаат со 5 чаши вода и се остава да кисне 5 часа. Ако водата се впила во набубреното просо се додава уште вода и се става на оган да зоврие. Во него се додава издробен морков, магдонос, праз, целер и кога ќе биде варено се додава малку сол.

Оваа диетална храна помага во прочистувањето на организмот. ЕДНА СУПЕНА ЛАЖИЦА просо, се вари 5 минути во 300 мл вода, се процедува, се засладува со мед и се пие навечер пред спиење. Се дава на деца што мократ во сон.

Лековитите својства на просото се огромни: благотворно влијае на желудникот, благотворно влијае врз слезината, ја обновува цревната флора, го подобрува варењето, штити од умор, штити од бронхитис, штити од кариес, поттикнува исфрлање на ток-сини, ги прочистува бубрезите од песок, спречува тру-лење на храната во цревата.

Просото го поттикнува исфрлањето на ток-сините од организмот преку мокрење и преку потните жлезди.

Со јадењата во кои е присутно просото се делува одвнатре во организмот за прочистување на крвта и нормализирање на рН вредноста. Просото го спречува тру-лењето на храната во цревата.

Кон-сумирањето на просо во комбинација со зеленчук, минимум два пати неделно, извонредно влијае на свежината и убавината на тенот. Просото е многу корисно за крвните групи Б и АБ.

НЕГАТИВНИТЕ СТРАНИ НА ПРОСОТО

Но, просото има и неколку лоши карактеристики, а една од нив е високиот гликемиски индекс, дури 70! И затоа не би требало пречесто да се јаде, додека оние кои имаат проблем со високо ниво на шеќер, треба особено да обратат внимание и да го комбинираат со намирници кои имаат низок ГИ.

Но и кога го јадете, немојте да штедите на количината или состојките кои ги ставате во него, бидејќи од тоа ќе зависи колку брзо ќе огладнете. Затоа е најдобро наутро да појадувате намирници со низок гликемиски индекс, односно оние кај кои шеќерот полека се разложува, за да можете да останете сити до ручекот.

Кога ќе изедете нешто со висок ГИ, веќе после два часа повторно ви се јаде. Затоа просото е најдобро да го комбинирате со домашна сланина и кисело млеко, или со јајца, за да можат мастите да ве одржат до следниот оброк.

Втората негативна работа кај просото е тоа што содржи гоитрогени кои можат да ја пореметат работата на штитната жлезда. Не е докажано колку тие со готвењето се деактивираат, па затоа, оние луѓе кои имаат ваков проблем, би требало да обратат внимание.

И просото како и другите житарици и мешунки, пред употреба треба се натопи во вода, за да се неутрализира фитинската киселина. Покрај зрното просо, можете да употребувате гриз и брашно од просо.

Брашното има убава жолта боја, па кога со него правите проја, таа наликува на пченкарната. Обично се комбинира со некое друго брашно, зошто малку нагорчува. Бидејќи не содржи глутен, печивата направени со брашно од просо се ронливи, па затоа е одлично за проја и мафини.