Ова завршува во ѓубре, а ги лекува сите болести со мочниот меур и бубрезите

Започна сезоната на црешите. Иако петелките од црешите и вишните погрешно се фрлаат, токму од нив се приготвува еден многу лековит чај кој е корисен за здравјето на бубрезите.

Природната медицина препорачува топол чај од петелки од цреши за состојби како што е воспаление на бубрезите и мочниот меур, застој на урина, како и за исфрлање на бубрежни и каменчиња во мочен меур.

Потребни состојки и постапка за приготвување: 2 супени лажици ситно исечкани петелки од цреши и 250 мл вода. Петелките ставете во еден сад, прелијте ги со вода, па садот ставете го на оган.

Откако ќе зоврие, оставете да се вари уште две до три минути. Поклопете и оставете да отстои 5-10 минути, а потоа процедете го чајот. Се пите трипати дневно, после јадење до подобрување на здравствената состојба, односно решавање на проблемот.

РЕЦЕПТИ СО ЦРЕШИ, ЦРЕШОВИ ПЕТЕЛКИ И ЦРЕШОВИ СЕМКИ ЗА РАЗЛИЧНИ БОЛЕСТИ

Црешите се исклучително здраво овошје бидејќи содржат големи количества витамин Ц, фолна киселина, калциум, железо, но и најзначајниот од сите – антоцијанидинот. Освен што се превкусни, црешите се многу здраво овошје. Овие црвени плодови содржат природни шеќери кои го подобруваат расположението и го подигаат нивото на енергија.

Ова се неколку причини зошто почесто треба да јадете цреши:

Ви помагаат да спиете поубаво: ако имате проблеми со несоница, јадете цреши за да спиете поубаво. Содржат мелатонин кој им помага на луѓето коишто стра-даат од инсомнија.

Одлични се за видот и кожата: уште една причина повеќе зошто треба да јадете цреши. Црешите се полни со витамин А, а дел од овој витамин е бета каротен кој го подобрува видот. Ретинол е уште еден дел од витаминот А кој ѝ помага на вашата кожа да изгледа здраво и свежо.

Редовното кон-сумирање на цреши го намалува ризикот од појава на рак. Полни се со природни и моќни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од појава на кан-цер и ги намалуваат ефектите на стареење.

Црешите можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во кр-вта, снижувајќи го нивото на лошиот ЛДЛ холестерол. Ова е важно бидејќи секој процент на холестерол го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 2 проценти.

Црешите ги чистат бубрезите и мочните канали, одличен диуретик се и го стимулираат излачувањето на урина.

Колку повеќе поцрвенуваат, толку повеќе црешите стануваат поздрави. Во 50-тите години од минатиот век, лекарот Лудвиг Кох докажал дека црешите лекуваат ревма и костобол, дека го намалуваат нивото на урична киселина и лекуваат воспаленија.

Значи, доколку па-тите од гихт, препорака е сега да ја искористите сезоната на цреши и ова овошје да го јадете што почесто.

Корисни својства на црешите: лекуваат костобол и ревма; спречуваат предвремено стареење и појава на брчки; претставуваат природен лек против целулит; ја поттикнуваат работата на цревата, желудникот, панкреасот и општо го подобруваат дигестивниот систем;

Помагаат да се исфрли вишокот течности од кр-вотокот и на тој начин го растеретуваат срцето, а ги активираат црниот дроб и бубрезите; спречуваат појава на кариес и забни наслаги. Дваесет цреши имаат 10 пати посилно дејство од аспиринот.

ЧАЈ ОД ПЕТЕЛКИ ОД ЦРЕШИ: Овој чај надалеку е познат како одличен лек за висок кр-вен притисок, но и против бубрежни болести како и болести на уринарните патишта.

Еден грст петелки од цреши (колку што ќе зафатите со раката), ставете да се варат во зовриена вода, две минути. Оставете малку да отстои, процедете и незасладено пијте го овој чај, во голтки, во текот на целиот ден.

ЗА УМОР: За да ја ели-минирате физичката и умствената исц-рпеност, јадете трипати дневно по 250 г цреши.

ПРОТИВ БУБРЕЖНИ КАМЧИЊА: лажичка исечкани петелки од цреши прелијте со 200 мл вода или млеко, па откако ќе зоврие варете 1 до 2 минути. Потоа процедете и пијте трипати на ден.

ПРОТИВ РЕВМА: Во текот на осум дена секојдневно пијте сок од свежи цреши, трипати на ден по една чаша.

ПРОТИВ СРЦЕВИ ПРЕЧКИ: иситнете 25 семки од цреши и ставете ги во 80 мл силна ракија. Нека отстои 10 дена на собна температура, а потоа пијте по 5 капки тинктура, двапати на ден.

Претходна статијаСекој кој има висок шеќер – ова мора да го проба
Следна статијаКРОФНИ ВО МЛЕКО: без масло, а толку сочни, се топат во уста – рецептот е лудило