Ова е стар рецепт кој се состои од две моќни состојки.

Смоквите се многу здрави, не само кога се смежи, туку и кога се суви. Тие се многу корисни и лековити за нашето здравје.

Буквално можат да го обноват нашето тело, благотворно делувајќи на сите органи. Во текот на процесот на сушење количината на протеините во смоквите расте на 3 до 6%, а шеќерот на 50 до 70%, додека свежите содржат само 1% протеини, 15 до 20% шеќери.

Природниот шеќер од смоквите многу лесно го апсорбира нашето тело. Сувите смокви се во состојба да ја умножат енергијата која ја произведува нашето тело, го подобруваат расположението, ефикасноста и менталната активност.

Сувите смокви содржат огромна количина на влакна и тоа ни овозможува долго време да бидеме сити. Тие се богати со хранливи состојки како што се калиум, магнезиум, железо, калциум и витамин Б. Содржат висок степен на пектин кој ја обновува цревната микрофлора, но и повредите на зглобовите и коските.

СУВИТЕ СМОКВИ СЕ ОДЛИЧЕН ЛАКСАТИВ

Потребни состојки:

20 суви смокви
маслиново масло

Постапка:

Смокц+вите пресечете ги на половина, ставете ги во стаклена тегла, а потоа прелијте ги со ладно цедено маслиново масло. Колку е поквалитетно маслото, толку и лекот ќе биде подобар. Маслото треба да ги прелие смоквите, неколку милиметри над нив.

Вака приготвена теглата затворете ја и оставете ја во фрижидер 40 дена. Потоа започнете со консумација. Секое утро јадете по една половина смоква и едно лажиче од маслото, 10 минути пред појадокот. Треба редовно да се консумира секој ден, без прескокнување, во текот на 40 дена.

Процесот можете да повторите уште еднаш после половина година. За потешки слуачаи се приготвува од 40 смокви, а секој ден се јадат две половинки, односно цела смоква.