Уште од 1999 година сите ја држат диетата на д-р Протасов – симнува 20 кг за 5 недели

План за слабеење на прочуениот израелски диетолог Ким Протасов.

Протасовата диета е втора најпопуларна диета на светот, после Дукан диетата која со години е на првото место.

Диетата на прочуениот израелски диетолог Ким Протасов им нуди на корисниците да изгубат од 5 до 20 кг за 5 седмици, додека тој процес за слабеење е истовремено поднослив и потполно здрав за организмот.

Loading...

Протасовата недела трае точно 5 недели и се спроведува само еднаш годишно!

Д-р Протасов ја осмислил оваа диета уште во 1999 година и оттогаш ја користеле и ја користат илјадници и илјадници луѓе кои бие воодушевени од резултатите.

Во продолжение прочитајте што сè е потребно да знаете за Протасовата диета и секако предлог мени.

ОСНОВА НА ДИЕТАТА

Протасовата диета се заснова на свеж зеленчук и мала количина на млечни производи и протеини, кои се јадат затоа што ја подобруваат дигестијата, ја обновуваат цревната микрофлора и го започнуваат процесот на согорување на мастите.

Припаѓа на нискокалоричните диети, бидејќи денвно се консумира помеѓу 1200 и 1500 калории. Она што е добро е дека не мора да се држите до точно време и количина на храната, а од дозволените намирници може да јадете кога сакате и колку сакате. Максималниот резултат е губиток на 20 килограми, што секако зависи од вашето придржување.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Оваа диета не смеат да ја спроведуваат лица кои патат од гастритис, хроничен панкреатитис, чир во желудник и 12-палечно црево.

ЕТАПИ НА ДИЕТАТА И МЕНИ

ПРВА НЕДЕЛА

Во текот на првата недела дозволено е да се јаде нескробен зеленчук во неограничени количини (зелка, домати, краставици, моркови, карфиол, брокула, зелје, зелена салата, тиквици, аспарагус, ротквици…). Зеленчукот може да се вари или да се пече, а понекогаш може да го “зачинете” ручекот со неколку компири (само понекогаш).

За да внесете доволна количина протеини, во првата недела дозволено е да консумирате нискомасни млечни производи како кефир, јогурт и свежо сирење (односот помеѓу зеленчук и млечите производи може да биде максимално 1:2) и едно варено јајце дневно. Што се однесува до овошјето, во првата недела смеете да изедете само три зелени јаболка дневно. Останатото овошје е забрането.

Во текот на целата Протасова диета е задолжително да пиете барем 2 литри вода дневно. Кафето и чајот се исто така дозволени, но без засладувачи.

ВТОРА НЕДЕЛА

Оваа етапа не се разликува многу од првата, освен што сега се исфрла целиот зеленчук кој не е свеж (кисело, смрзнато..). Сè уште можете да јадете три зелени јаболка, млечни производи и едно јајце дневно. Внимавајте да внесувате доволно вода.

Во втората недела може да добиете на тежина, бидејќи започнуваат да се изградуваат мускулите, а мускулите се потешки од салото. Во текот на Протасовата диета можно е да се ослободите од вишок масно ткиво, а тежината да ви остане иста.

ТРЕТА НЕДЕЛА

Во третата недела на дневното мени се додава 300 г немасно црвено месо, риба или живино месо, но се намалува количината на млечните производи за третина. Остатокот од намирници е ист како и за втората недела.

ЧЕТВРТА И ПЕТТА НЕДЕЛА

Менито за секој ден во текот на четвртата и петтата недела е исто како и во третата недела, со фокус на зеленчукот со низок гликемиски индекс (целер, лук, грав (црвен), грашок, краставица, маслинки, моркови, патлиџан, ротквици, спанаќ…). И натаму секој ден може да се јаде 300 г немасно месо, 3 зелени јаболка, 1 јајце, а сека млечните производи можат да се јадат неограничено.

ШТО КОГА ДИЕТАТА ЌЕ ЗАВРШИ?

Ако се прифрижувате и внимавате на дозволените намирници, ви требало да постигнете завиден резултат. Сепак, резултатот нема да се чува сам, па важно е да не се враќате на старите навики.

Обидете се исхраната да ви биде богата со протеини и секој оброк да го збогатите со доволна количина зеленчук. Одбегнувајте храна богата со шеќери. Диетата може да ја повторите после една година. Со среќа!

Loading...