Високиот холестерол може да биде многу опасен, бидејќи влијае врз формирањето на плаки во крвните садови, ограничувајќи го протокот на крв, што пак, може да предизвика срцев и мозочен удар. Главниот фактор на ризик за висок холестерол е исхраната, а најмногу придонесува храната богата со заситени масти.
Сепак, правилно избалансираната исхрана може да помогне и во намалување на нивото на холестерол. Нутриционистката Шона Вилкинсон препорачува да се зголеми внесот на праски во исхрана, особено органските кои не се третирани со многу пеcтициди. Набрзо доаѓа сезоната на праски и нектарини, па не пропуштајте да го искористите максимално ова овошје.
„Праските се одлични за одржување на нивото на холестерол под контрола. Тие се одличен извор на растителни влакна и помагаат во намалување на холестеролот“, објасни таа. Нутриционистката додаде дека овие влакна можат да помогнат на неколку начини.
„Растворливите влакна имаат способност да се врзуваат за холестеролот во дигестивниот тракт, спречувајќи ја апсорпцијата во крвотокот. Ова го намалува количеството на холестерол достапен за телото да го користи или складира“, вели таа.
Исто така, влакната влијаат врз зголемување на излачувањето на жолчните киселини. „Растворливите влакна, исто така, можат да го зголемат излачувањето на жолчните киселини. Жолчните киселини од холестеролот во црниот дроб се важни за варењето.
Кога влакната се врзуваат за жолчните киселини во цревата, тие ја поттикнуваат нивната елиминација од телото. Ова го поттикнува црниот дроб да користи повеќе холестерол за да создадете нови жолчни киселини и на тој начин го намалувате вкупниот холестерол“, вели нутриционистот.
Влакната, исто така, имаат ефект на забавување на варењето. „На храната богата со растителни влакна, како што се праските, им е потребно подолго време да се вари во споредба со преработената храна.
Бавното варење помага во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и спречува брзи скокови на инсулин кои можат да придонесат за производство на холестерол во телото“, објасни Шона Вилкинсон. Една студија, објавена во 2013 година, покажа дека праските се меѓу овошјата кои го намалуваат нивото на холестерол поради нивната содржина на флавоноиди и стилбен.
За да се намали нивото на холестерол, се препорачува: да имате здрава и урамнотежена исхрана и да го намалите внесот на заситени масти, да вежбате најмалку 150 минути неделно, ако сте пyшач, да престанете да пyшите, како и внесот на алкоxол. Во продолжение прочитајте природни лекови со праски:
Праската е едно од омилените летни овошја која ретко се спомнува по нејзините лековити својства и бенефитите по нашето здравје. Праската е одличен чистач на цревата, ја помага дигестијата, отстранува отоци, помага при анемија.
Ова овошје а е богато со шеќер, бета каротен, белковини, витамини А, Б, Ц и железо. Поради големата количина на диетални влакна добра е за дигестијата и одлична за чистење на цревата. На овој начин организмот подобро и полесно се ослободува од наталожените токсини.
Изобилува со антиоксиданти, што ја прави одличен заштитник од многу карциноми. Односот на калиум и натриум во праската е 7:1, па затоа им се препорачува на луѓе кои имаат проблем со отекување, анемија, цревни заболувања и жолчна кеса.
Сокот од праски им се препорачува на болни со срцева аритмија и чувствителен нервен систем. Единствено, праската не смеат да ја консумираат дијабетичарите поради високиот процент на шеќер што го содржат или да се консултираат со својот лекар.
ЧАЈ ОД ПРАСКА: ЗА ЦРН ДРОБ, ЖЕЛУДНИК И БЕЛИ ДРОБОВИ: 30 грама цвет од праска се прелива со 500 мл зовриена вода или млеко. После 15 минути поклопено, се процедува и се пие трипати на ден по една шолја.
ЗА ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК И ЧИСТЕЊЕ НА БУБРЕЗИ: 30 грама лист од праска и 30 г цвет од праска се прелива со еден литар зовриена вода. После 15 минути поклопено, се процедува и се пие во текот на денот наместо вода.
ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА: Нечистотијата од лицето се отстранува со бадемово масло, а потоа се става маска од свежи зрели плодови од праска. После 20 минути се мие лицето со млак чај од цветови од праска. После неколку вакви третмани кожата станува листа и мазна.
ПРОТИВ МАЧНИНА И ПОВРАКАЊЕ ВО БРЕМЕНОСТ: Чајот се приготвува навечер. 50 грама сув лист од праска се прелива со 500 мл зовриена вода, се поклопува и се остава додека да излади.
Се процедува и се складира во фрижидер преку ноќ. Наутро се загрева малку и се пие на празен желудник. Доколку има потреба се пие на секои два часа. НАПОМЕНА: Рецептите потекнуваат од народната медицина. Пред употреба советувајте се со вашиот лекар или нутриционист.