Фотографија и рецепт на Бранислав Глигоровиќ

Тироидната жлезда се наоѓа под гркланот и произведува хормони со кои се регулира, меѓу другото, телесната температура, метаболизмот и отчукувањата на срцето.

Проблемите со штитната жлезда не треба да се игнорираат бидејќи може да доведат до сериозни последици.

Важно е навремено да забележите некои од симптомите и да започнете со адекватна терапија.

СИМПТОМИ: несоница, нагли промени во расположението, нервоза, напади на лутина, пореметен менструален циклус, болки во мускулите, пореметен метаболизам, висок крвен притисок, потешкотии кај жените да забременат, промени на кожата, најчесто сувост, промени во апетитот, намалено либидо, чувство на студенило

Ова е еден природен лек кој го зајакнува имунитетот, вкусен е многу па затоа треба умерено да се консумира и да не се претерува.

ОРЕВОВАЧА ЗА ШТИТНА ЖЛЕЗДА 

Потребни состојки: 40 млади зелени ореви пресечени на четвртинки, 1 лимон, 1 портокал, 20 зрна пржено кафе, 4 каранфилчиња, 2 ванилин шеќер, 1 кесичка цимет, 1 кг шеќер (може и интегрален), 2,5 литри ракија

Постапка: лимонот и портокалот претходно добро измијте ги и истретирајте ги во раствор од сода бикарбона, па исечете ги на тркалца.

Зелените ореви исечете ги на четвртинки. Во голема стаклена тегла редете ги оревите, тркалцата од лимон, портокалот и останатите состојки, наросете со шеќер и прелијте со ракија.

Теглата затворете ја, ставете ја во црна пвц кеса и чувајте ја на темно место 90 дена. Не ја изложувајте на сончева светлина за да не се разложат молекулите на јодот. После процедувањето продолжете да ја чувате оревовачата на темно место.

Фотографија и рецепт на Бранислав Глигоровиќ