“Avant Garde Innovations” развија евтина ветроелектрана која може да генерира 3-5 kW часови струја дневно.

За иста цена како и еден Ајфон (iPhone), сега можете да купите турбина на ветере која може да ја снабдува вашата куќа за цел живот.

Pinarayi Vijayan, главниот министер на индиската сојузна држава на југозападот од земјата, јавно ја даде својата поддршка за овој ветро-електричен проект.

Додека Керала одржува речиси 100% елктрична покриеност на сите домови, голема површина од Индија и натаму останува во темнина.

За голем процент од индиското население, струјата и натаму останува далечен сон.

Браќата Arun и Anoop George сакале оваа енергетска криза да стане минато, па затоа работеле на тоа да развијат ново решение за кое велат дека нема нималку да влијае на еколошката рамнотежа.

Компанијата “Avant Garde Innovations” ја основале браќата од Керала, и развиле евтина турбина на ветер која може да генерира доволно струја за целата куќа, за цел живот.

Величината на вентилаторот може да генерира 5 kWh / kW преку ден – за само еднократен трошок од 700 евра.

Индија е шести најголем светски потрошувач на енергија, што изнесува 3,4 % од глобалната потрошувачка на енергија.

Федералната влада во Индија не можат да ги издржат големите трошоци за изградба на инфраструктурни потреби за електрификација на одалечените села.

Подигањето на електрични столбови и електроводи бараат големи вложувања кои би можеле да чинат милиони долари.

На обие места компанијата “Avant Garde” доаѓа до израз.

“Досега малиот ветроагрегат кој генерира 1kW енергија чинеше INR 3-7 лави (3,600-9,200 евра), а нашата компанија планира да го продава за помалку од NR 50.000 (околу 700 евра).

Трошоците дополнително ќе се намалат поради масовното производство”, изјавил Arun во разговорот за The Times of India. Во продолжение можете да го погледнете видеото: