ОРЕО ТОРТА КОЈА СЕ ПЕЧЕ ТОЧНО 6-7 МИНУТИ: Мека, чоколадна и едноставно неодолива. Орео колачот се прави брзо и лесно, а на сите им се допаѓа.

Некогаш порано десертите се подготвувале многу комплицирано домаќинките поминувале години во испробување на рецептите за да се стекнат со вештина, но денес има толку многу лесни рецепти што секој може да подготвува убав десерт, дури и без никакво претходно искуство.

Ви предлагаме да ја пробате и оваа орео торта која ќе ви се допадне на прв залак, а најдобро од сè, потребни се само 7 минути за да се испече. Најчоколадната торта можете да ја направите без многу труд и со само неколку состојки. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 парчиња Орео бисквити, 1 лажичка прашок за печиво, 250 мл млеко. За ганаш/глазура: 150 г чоколадо и 150 мл слатка павлака. Тортата е малечка, но заситна и одлична за дегустација. За поголема торта соодветно зголемете ги количините.

ПОСТАПКА: Одделете го белиот крем од чоколадниот бисквит, па добро изблендирајте го бисквитот (одвојте настрана 1-2 лажици за декорација). Во мелениот бисквит додајте прашок за печиво и измешајте. Потоа истурете го млекото и додајте го белиот крем (кој го одвоивте од бисквитите).

Убаво соединете ги состојките, па истурете ја смесата во силиконски калап (не поголем од 18 см) или некој помал каков имате соодветен за микробранова печка и на дното обложен со хартија за печење) и печете во микробранова на 750 W точно 7 минути.

Извадете ја хартијата од пандишпанот и оставете да се олади, па направете го чоколадниот ганаш така што ќе го стопите чоколадото со слатката павлака и ќе го прелиете го врз колачот (павлаката не треба да зоврие). Украсете со мелени Орео бисквити.

Напомена: ако печете во рерна, прилагодете го печењето на 160-180 степени, 15-20 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ: Спремен за 6 минути – се топи во уста“ – ОВДЕ.

ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ: Спремен за 6 минути – се топи во уста