ОПАСНО: Ако имате ваков израсток на раката веднаш одете на лекар

Кога на раката, дланката, прстите или на рачниот зглоб ќе се појават чудни израстоци или отоци или нешто слично, обично си мислиме дека тоа е последица на повреда, убод од инсекти или некој плускавец од работа. Сепак, таквите симптоми може да имаат индикација за некои поголеми проблеми со здравјето.

Ваквите чворови на рацете, медицински се наречени хигромом, а тоа е всушност бениген тумор –ганглиона циста на зглобот. Иако на рачниот зглоб се најчести, сепак, може да се појават и на површината од дланката или на внатрешната страна од прстите.

Всушност станува збор за тумор од мекото ткиво на шаката кој е во контакт со зглобната капсула или со обвивката на тетивата и има величина од неколку милиметри до 2 сантиметри, поретко со поголеми димензии.

Хигромом може да предизвика болка, трпки и ограничена мобилност во зглобот, но лекарите предупредуваат дека во потешки случаи може да предизвика пореметување на фунцијата на шаката.

Најчесто се лекува хируршки и со терапија со кортикостероиди, а лекарите советуваат да побарате помош од лекар ако забележите сомнителен израсток.

Претходна статијаРузмаринот има магиски моќи: може да открие дали мажот ве изневерува
Следна статијаПМС Диета: јадете го ова пред циклус – килограмите сами ќе се топат!