Ако досега не сте набрале, време е да излезете и да наберете млади листови од капина – советува билкарот Мартин Најдовски и ни ги открива неговите лековити својства. Во продолжение на текстот прочитајте ги неговите поучни и лековити рецепти.

Лист од капина (lat. Rubi folium), пишува Мартин Најдовски: Капината како плод, заедно со листот и коренот, сите делови се лековити. Листот наоѓа широка примена во народната медицина, но за жал, за неговата лековитост не се зборува многу ниту пак се употребува толку многу. Верувам дека после ова, ќе излзете и ќе наберете лист од капина бидејќи е многу лековит.

Во народната медицина чај од лист од капина се употребува кај дезинфекција на уринарните патишта, воспалителни процеси на бешиката, мочните канали, болно мокрење, чувство на пецкање додека мокрите и слично.

Чајот од лист од капина е исто така многу добар кај воспалено слепо црево, само 2 до 3 шолји на ден може да ги смири болките. Листот од капина ја чисти крвта, помага при анемија, најразлични причини за дијареа, крварења на желудникот и слично.

Во комбинација со лист од малина и лист од дива јагода, успешно делува на подигање на имунитетот. Чајот накратко кажано делува против сите воспаленија, односно антивоспалително, во вид на чај или за гаргара помага кај болки во грлото, воспаление на слузокожата на носот, при кашлица и слично.

Рецепти:

Чај: 1 супена лажица лист се попарува со 250 мл вода зовриена, стои поклопено 20 мин, се цеди и пие по 2 – 3 шолји на ден.

Против болно мокрење, воспаление на уринарните патишта, чувство на пецкање:

1 рака лист од капина се попарува со 1 литар зовриена вода, стои поклопено 20-30 мин, се цеди, се префрла во едно шише и таа течност се испива во текот на денот наместо вода.

Чај за подигање на имунитетот: Еднакви делови на лист од малина, лист од капина и лист од дива јагода. Сè се меша, па 3 супени лажици од смесата се прелеваат со 750 мл вода зовриена, отстојува 20-30 мин, се цеди и пие по 3 шолји на ден.

Чај за гаргара кај болки во грлото:

20 грама жалфија и 30 грама лист од капина. Сè се меша па 1 супена лажица од смесата се прелева со 250 мл вода зовриена, стои поклопено 20-30 мин се цеди, потоа и во чајот се додаваат по 20 капки прополис, па потоа се гаргара и може да се голтне потоа (а може и да се плукне). Се прави 2 до 3 пати на ден.

Кај воспалителни процеси на уринарните патишта:

50 грама ајдучка трава
50 грама лист од капина
20 грама лист од бреза
20 грама коприва
20 грама лист од глуварче
2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода, отстојува 20-30 мин поклопено, се цеди и пие по 2 шолји на ден.

Повеќе за билката и околу приготвувањето на лековитите рецепт, можете да го прашате Мартин Најдовски на неговата страница Лилма.