Доколку ве измачува атописки дерматитис, имате непријатна егзема на рацете или на некој друг дел од телото, потребно е да направите внатрешно чистење на огранизмот, пред сè на црниот дроб. Затоа, пригответе ги овие оброци.

ПОНЕДЕЛНИК

Појадок: овесни снегулки со круша и грозје
Ужина: банана и јаболко
Ручек: телешки црн дроб и салата од цвекло
Вечера: варено пилешко со спанаќ.

ВТОРНИК

Појадок: шејк од банана и јаболка
Ужина: суви кајсии
Ручек: лежа со зеленчук, по избор
Вечера: компир салата со кромид

СРЕДА

Појадок: овесна каша со суво овошје
Ужина: шејк од банана и малини
Ручек: компир пире со сос од печурки
Вечера: брокула и карфиол на пареа со малку маслиново масло.

ЧЕТВРТОК

Појадок: Интегрален леб со младо сирење и доматен сок
Ужина: две парчиња диња
Ручек: интегрален ориз со зеленчук
Вечера: салата од морков и цвекло со ѓумбир

ПЕТОК

Појадок: киноа со јаболко и цимет
Ужина: една рака свежи малини
Ручек: супа од цвекло и морков и варен компир
Вечера: омлет со кромид и оригано

САБОТА

Појадок: шејк од морков, цвекло и јаболко
Ужина: цреши
Ручек: крем-чорба од карфиол и брокула
Вечера: салата од лосос и авокадо

НЕДЕЛА

Појадок: овесна каша со бобинки
Ужина: јаболко исечкано и наросено со цимет
Ручек: супа од домати и рижото со печурки
Вечера: интегрални палачинки со банана