Одлична салата од пиперки: рецепт кој вреди да го имате во својот тефтер

Посебен вкус, верувам многу ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

2 кг црвени пиперки
4-6 главици лук
4 ловорови листови
1 литар вода
300 мл оцет
20 г шеќер
300 мл масло
400 г сенф

Постапка:

Пиперките исчистете ги и исечкајте ги на помали коцкички. Ставете на оган да се готват оцет, вода, сол, шеќер, ловоров лист и цели чешниња.

Кога ќе проврие ставете ги сечканите пиперки, па варете околу 10 минути.

Сенфот измиксајте го со маслото, па додадете ја изладената пиперка и добро промешајте.

Полнете врели тегли или шишења, одозгора додадете малку врело масло и затворете веднаш.

Ставете во рерна околу 10 минути во топла рерна за да се вакумира добро. Оставете да излади преку ноќ.

Loading...